Поликлет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Поликлет (гр. Πολύκλειτος (Polýkleitos) бил грчки склуптор и теоретичар од Арга којшто влијаел на општеството помеѓу 460 и 420 година пред нашата ера. Тој во главно правел склуптури од бронза и тоа од атлети, кои според него биле со идеални пропорции на човечки тела, што подоцна стануваат и пример за кипарската антика. Самиот Поликлет во своите теоретски расправи дал мерка за складноста и композицијата на идеалните пропорции. Идеата за пресметани редови е применета низ целата античка грчка култура. Еден од законите на неговата теорија е дека во совршеното човечко тело мора да се состои 7 пати главата од истот тело. Пример за тоа е Дорифора или Копјеносец која што првенствено и оригинално била изработена во бронза, а римската копија се наоѓа во Помпеј, денес во Наполи). Ова е воедно и првата склуптура направена во таканаречен контрапоста односно природно стоење на човечкото тело, потрено на една нога каде што се добива една „С“ линија. Заради ова асиметрично поклопување оваа поза е користена низ цела антика, а во ренесансата ќе постане еден од главните реализми.

Негови најпознати склуптури му се: Ефеб, Дијадумен (Тезеј), Дискофор (Носач на диск), и секако Дирофор, кој не зачуван во неговите бронзани оригинали, туку во бројни, подоцнежни, мраморни, римски копии. Склуптурата на Ранетата Амазонка ја направил веднаш по победата на натрпреварот со Фидиј.