Полет Либерман
Полет Либерман (14 ноември 1919 - 10 јули 2007) била француска математичарка, специјализирана за диференцијална геометрија.[1][2][3][4]
Ран живот и образование
[уреди | уреди извор]Либерман била една од трите сестри, родени во семејство на руско-украински еврејски имигранти во Париз. Таа започнала да студира во 1938 година, во École normale supérieure de jeunes filles, колеџ во Севр, за обучување на жените да станат наставници, но била спречена да ја преземе агрегацијата и да стане учителка, поради анти-еврејските закони покренати за време на германската окупација. Наместо тоа, таа започнала да истражува, под надзор на Ели Картан. Во 1942 година, таа и нејзиното семејство избегале од Париз за Лион, каде што две години се криеле од нацистите. По ослободувањето на Париз во 1944 година, таа се вратила во Севр и ги завршила своите студии.[1][2][3]
Кариера
[уреди | уреди извор]Кратко подучувала во Дуаи, а потоа по двегодишно студирање со Џ. Х. К. Вајтхед на Оксфордскиот универзитет се вратила на учителската позиција во Стразбур. Но, со охрабрување од Картан, таа го продолжила своето истражување, објавувајќи го својот прв труд во 1949 година, оставајќи го училиштето, заради истражувачката позиција во Centre national de la recherche scientifique (Националниот центар за научно истражување) во 1951 година, и завршувајќи ја докторска дисертација за симплектичка геометрија во 1953 година, под надзор на Чарлс Ересман. Се здобила со факултетска позиција на Ренскиот универзитет, а се преселила на Парискиот универзитет во 1966 година. Кога универзитетот се поделил, во 1968 година, таа се преселила на Париз Дидро универзитетот, од кој и се пензионирала во 1986 година.[1][2][3][5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Riddle, Larry, „Paulette Libermann“, Biographies of Women Mathematicians, Agnes Scott College, Посетено на 2015-05-16.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Kosmann-Schwarzbach, Yvette (2015), „Women mathematicians in France in the mid-twentieth century“, BSHM Bulletin: Journal of the British Society for the History of Mathematics, arXiv:1502.07597, doi:10.1080/17498430.2014.976804.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Оконор, Џон Џ.; Робертсон, Едмунд Ф., „Полет Либерман“, Архив „Историја на математиката“ на MacTutor, Универзитет Сент Ендрус.
- ↑ Chaperon, Marc (November 8, 2009), Souvenirs de Paulette Libermann: Un portrait mathématique de Paulette Libermann (1919-2007) (француски), CNRS, Архивирано од изворникот на 2015-05-19, Посетено на 2019-01-19.
- ↑ Полет Либерман at the Mathematics Genealogy Project
|