Прејди на содржината

Полетарче

Од Википедија — слободната енциклопедија

Полетарче[1][2] — малечко на птица што ги прави првите обиди да лета.

Кога ќе се испилат од јајцето, малите птици се нарекуваат голиштарчиња. Во оваа фаза многу од нив немаат пердуви. Слепи се, беспомошни и што се однесува на храната и на заштитата комплетно зависат од родителите. Како што им растат пердувите, стануваат полетарчиња со отворени очи и со добар апетит. Кога ќе им пораснат сите пердуви и кога ќе бидат доволно силни, подготвени се да научат да летаат и почнуваат да стануваат независни.

Галерија

[уреди | уреди извор]