Прејди на содржината

Пола Абдул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пола Абдул
Абдул во 2023 г.
Роден(а)Пола Џули Абдул
19 јуни 1962(1962-06-19)(62 г.)
Сан Фернандо Калифорнија САД
Алма матерКалифорнија Стејт Универзитет
Занимање
  • Пејачка
  • танчерка
  • кореограф
  • актерка
  • телевизиска личност
Активен период1978-сега
Сопружник
Страница
paulaabdul.com

Пола Џули Абдул (родена на 19 јуни 1962 година)[1] е американска пејачка, танчерка, кореограф, актерка и телевизиска личност. Таа ја започнаla својата кариера како навивачка за Лос Анџелес Лејкерс на 18-годишна возраст, а подоцна станаla главен кореограф за Лејкер Грлс, каде што била откриена од Џексонови.[2] По кореографијата на музички спотови за Џенет Џексон, Абдул станала кореограф во екот на ерата на музичките спотови и набргу потоа потпишала договор со Вирџин Рекордс. Нејзиниот деби студиски албум Засекогаш твоја девојка (анг: Forever Your Girl)(1988) станал еден од најуспешните деби албуми во тоа време, продаден во седум милиони копии во Соединетите држави и поставил рекорд за најмногу број еден синглови од деби албум на Billboard Hot 100. Нејзиниот втор албум Spellbound (1991) освоил уште два врвни топ-листи. Со шест број еден синглови на Hot 100, Абдул се изедначила со Дајана Рос за третото место на топ листите меѓу женските соло изведувачи во тоа време.[3]

Абдул била еден од првобитните судии на телевизиската серија Американски идол од 2002 до 2009 година и оттогаш се појавила како судија на Икс Фактор (анг: X Factor), Живеам да танцувам (анг: Live to Dance), Мислишдека знаеш да танцуваш (анг: So You Think You Can Dance) и Маскираниот Танчер (анг: The Masked Dancer). Таа има кореографски заслуги во бројни филмови, меѓу кои Не можам да купам љубов (1987), Човекот што трча (1987), Доаѓање во Америка (1988), Акција Џексон (1988), Вратите (1991), Џери Мегваер (1996) и Американска убавина (1999). Била 17 пати номинирана за МТВ Видео Музички Награди, освојувајќи пет, како и наградата Греми за најдобро музичко видео за Спротивностите се привлекуваат (анг: Opposites Attract) во 1991 година. Таа двапати ја добила наградата Еми за извонредна кореографија за нејзината работа на Шоуто на Трејси Улман и нејзиниот сопствен настап на Американските музички награди во 1990 година. Абдул била почестена со сопствена ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд и е првиот забавувач награден со наградата „Куќата на славните“ на Наградата Никелодеон Кидс Избор.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Ѕвезда на Абдул на Булеварот на славните во Холивуд
Студиски албуми
  • Forever Your Girl (1988)
  • Spellbound (1991)
  • Head over Heels (1995)

Тури и резиденции[уреди | уреди извор]

Главен настапувач

  • Under My Spell Tour (1991–92)
  • Straight Up Paula! (2018–19)
  • Straight Up! to Canada Tour (2024)

Конастапувач

  • Club MTV Live (1989)
  • Total Package Tour (2017)
  • Magic Summer Tour (2024)

Резиденција

  • Paula Abdul: Forever Your Girl (2019–20)


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Paula Abdul – Biography“. TVGuide.com. Архивирано од изворникот на May 18, 2015. Посетено на May 12, 2015.
  2. Masters, Steve. „Introducing Paula Abdul - interview“. Record Mirror. Архивирано од изворникот на September 11, 2015. Посетено на 2014-05-11.
  3. Празен навод (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]