Покровски манастир (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Покровски манастир
Покровський монастир
Карта
50°27′30″N 30°29′37″E / 50.45833° СГШ; 30.49361° ИГД / 50.45833; 30.49361
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУкраинска православна црква - Московски патријарх
Историја
Основана19 век
Посветена наПресвета Богородица
Архитектура
Архитект(и)Владимир Николаев
Стилруска архитектура
Завршена19 век

Покровскиот манастир (украински: Покровський монастир) е манастир кој се наоѓа во Киев, Украина. Христијанскиот објект бил основан во 1889 година од страна на големата војвотка Александра Петровна. Манастирот се наоѓа на улица Артем.

Денеска манастирот се наоѓа под контрола на Украинската православна црква - Московски патријарх и денеска тој е женски православен манастир. Името на манастирот доаѓа како синоним од Покровителството на Пресвета Богородица[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1889 година, парализираната војвотка Александра, која од 1881 година живеела во Киев, одлучила да изгради манастир во Лукјанивка. Таа започнала да собира средства, и за околу 50.000 рубли биле купени две соседни парцели. За изградба на комплексот, кој вклучувал црква, болница за сиромашни, чии медицински задачи ги вршиле монахините како главен архитект бил избран Владимир Николаев.

Во следните дваесет години, од 1889 до 1911 година, во комплексот биле изградена околу 30 објекти. Комплексот болници нудел бесплатно лекување, хируршка интервенција, засолниште за слепи лица, амбуланта. Во периодот околу 1903 година, во болницата имало поминато повеќе од 5.000 пациенти и направено повеќе од 2.200 операции.

Големата војвотка починала во манастирот на 13 април 1900 година. Во 1925 година, манастирот бил затворен и повторно бил отворен во 1942 година. Во периодот на војната, објектот служел како болница.

Наводи[уреди | уреди извор]