Прејди на содржината

Покраини во Шри Ланка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на покраините во Шри Ланка

Шри Ланка е поделена на покраини (синхалски: පළාත, тамилски: மாகாணம்), воспоставени од британските власти на Цејлон во 1833 г. Во текот на следниот век, административната власт им припаднала на окрузите, а кон средината на XX век, покраините добиле чисто церемонијална улога. Оваа поставеност се сменила во 1987 г, со воведувањето на покраински совети како одговор на долгоочекуваната децентрализација согласно XIII Амандман на Уставот на Шри Ланка од 1978 г.[1][2] Денес постојат девет покраини.

Покраини

[уреди | уреди извор]

Сите податоци се водат според последниот попис во земјата, спроведен во 2001 г. Северната и Источната покраина не биле наполно попишани од безбедносни причини, па затоа населението во нив е само проценето.[3] Овие случаи се означени со ѕвездичка.

Име Карта Админ. центар Создадена Површина
(км², земја)
Површина
(км², вода)
Вкупна површина
(км²)
Население Густина
(жит/км²)
Западна Карта на Западната покраина во Шри Ланка Коломбо 1833 3.593 91 3.684 5.381.197 1.461
Источна Карта на Источната покраина во Шри Ланка Тринкомали 1833 9.361 635 9.996 1.419.602* 152
Јужна Карта на Јужната покраина во Шри Ланка Гале 1833 5.383 161 5.544 2.278.271 411
Сабарагамува Карта на покраината Сабарагамува во Шри Ланка Ратнапура 1889 4.921 47 4.948 1.801.331 364
Северна Карта на Северната покраина Шри Ланка Џафна 1833 8.290 594 8.884 1.040.963* 117
Северна централна Карта на Северната централна покраина во Шри Ланка Анурадапура 1873 9.741 731 10.472 1.104.677 105
Северозападна Карта на Северозападната покраина во Шри Ланка Курунегала 1845 7.506 382 7.888 2.169.892 275
Ува Карта на покраината Ува во Шри Ланка Бадула 1886 8.335 165 8.500 1.177.358 139
Централна Карта на Централната покраина во Шри Ланка Канди 1833 5.575 99 5.674 2.423.966 435
Вкупно 62.705 2.806 65.511 19.837.934 316

Поврзано

[уреди | уреди извор]
    1. Ло, Гвилим (2010). „Покраини во Шри Ланка“. statoids.com. Посетено на 19 јануари 2010. (англиски)
    2. „Вовед“. Портал на Владата на Шри Ланка. Влада на Шри Ланка. Архивирано од изворникот на 2009-07-07. Посетено на 16 јануари 2010. (англиски)
    3. Europa Publications Staff, уред. (2002). Far East and Australasia 2003. Routledge. стр. 1524. ISBN 1-85743-133-2.

    Надворешни врски

    [уреди | уреди извор]