Покраини во Саудиска Арабија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Саудиска Арабија административно се дели на 13 покраини („минтаки“). Секоја покраина се дели на области („мухафази“), вкупно 118 на број. Во овој број спаѓаат и главните градови на покраините, кои имаат поинаков статус на општини („амани“) на чие чело стојат градоначалници. Гуверноратите пак понатаму се делат на подгувернорати (маркази).

Покраина арапски Админ. центар Површина
(км²)
Население
Попис 2004 1
Густина Области
Наџад (центар)
Хаил حائل Хаил 103.887 527.033 5,1 4
Касим القصيم Бураида 58.046 1.016.756 17,5 11
Ријад الرياض Ријад 404.240 5,.455.363 13,5 20
Хиџаз (запад)
Тебук تبوك Тебук 146.072 691.517 4,7 6
Медина المدينة Медина 151.990 1.512.076 9,9 7
Мека مكة Мека 153.128 5.797.971 37,9 12
Баха الباحة Баха 9.921 377.739 38,1 7
север
Худуд еш-Шамалија الحدود الشمالية Арар 111.797 279.286 2,5 3
Џеуф الجوف Џеуф 100.212 361.676 3,6 3
југ
Џизан جيزان Џизан 11.671 1.186.139 101,6 14
Асир عسير Абха 76.693 1.688.368 22,0 12
Наџран نجران Наџран 149.511 419.457 2,8 8
исток
Шаркија الشرقية Дамам 672.522 3.360.157 5,0 11
Саудиска Арабија المملكة العربية السعودية Ријад 2.149.690 22.673.538 10,5 118
1 Прелиминарни резултати од пописот од 15 септември 2004 г.