Поколение (филм од 1955)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кадар од филмот, Тадеуш Шомнички и Тадеуш Јанчар
Кадар од филмот, Тадеуш Ломницки и Тадеуш Јанчар

Поколение (полски: Pokolenie) e полски филм од 1955 година, во режија на Анджеј Вајда, според сценариото на Бохдан Чешко, засновано врз истоимениот негов роман. Главните улоги ги толкуваат: Тадеуш Ломницки, Урсула Моджинска и Тадеуш Јанчар, а една споредна улога ја игра Роман Полански. Ова е првиот филм на Вајда и прво дело од неговата воена трилогија, позната како Три воени филма (покрај „Канал“ и „Пепел и дијамант“)

Синопсис[уреди | уреди извор]

Податотека:A generation.jpg
Плакатот за филмот „Поколение“

Дејството на филмот се одвива во Полска за време на Втората светска војна. Младиот Стах Мазур (го игра Ломницки) се вработува во една работилница чиј сопственик работи за движењето на отпорот. Еден ден, во училиштето доаѓа убавата девојка Дорота (ја игра Моджинска) која ги повикува младите на борба против окупаторот и Стах станува дел од движењето на отпорот. Истовремено, тој се вљубува во Дорота. Набргу, темпераментниот Стах, заедно со другарите, убива еден нацист, а потоа им помага на учесниците во востанието во варшавското гето. Меѓутоа, еден ден, Ева е уапсена, а Стах заминува на закажаното место каде треба да пречека група младинци кои му се приклучуваат на движењето на отпорот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]