Поклоничка црква (Виз)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Поклоничката црква ( на германски: Wieskirche ) е овална рококо црква, дизајнирана кон крајот на 1740-тите од страна на браќата Јохан и Доминик Цимерман. Се наоѓа во подножјето на Алпите, во општината Штајнгаден во округот Вајлхајм-Шонгау, Баварија, Германија.

Се вели дека во 1738 година, солзи можеле да се видат на дотраената дрвена фигура на Проколнатиот Спасител. Ова чудо го привлекло вниманието на луѓето и многу од нив заминале да ја видат оваа фигура. Во 1740 година, била изградена мала капела за да се смести статуата, но наскоро сфатиле дека зградата ќе биде премала за бројот на аџии што ги привлече, па затоа Штајнгаденската опатија одлучи да нарача посебно светилиште. Многумина што се молеле пред статуата на Исус на олтарот тврделе дека луѓето се чудесно исцелени од нивните болести, што ја направила оваа црква уште повеќе на поклонение.

Изградбата се одвивала помеѓу 1745 и 1754 година, и ентериерот бил украсен со фрески.Се вели дека сите нештата во црквата биле изградени на тој начин, да може да се види натприродното

Прилично е застапено верувањето дека баварската влада планирала да го продаде или урне ремек-делото за време на секуларизацијата на Баварија на почетокот на 19 век и дека само протестите кои ги организирале локалните фармери го спасиле од уништување. Достапните извори, сепак, потврдуваат дека одговорната државна комисија јасно се залагала за продолжување на Виз како место за поклонение, дури и покрај економските приговори од игуменот на Штајнгаден.[1]

Оваа црква била додадена на Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1983 година и била подложена на обемна реставрација помеѓу 1985 и 1991 година.

Wieskirche in winter
Надворешен поглед на црквата во зима

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Stutzer, Dietmar; Fink, Alois (1982), Die irdische und die himmlische Wies, Rosenheim: Rosenheimer Verlag, стр. 99–100, ISBN 3-475-52355-8