Поимник на македонски зборови од информатичката технологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поимник на македонски зборови од информатичката технологија
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачМинистерство за информатичко општество
Издадена
2009 во Скопје
Страници50

Поимник на македонски зборови од информатичката технологија — двојазичен речник, англиско-македонски, на зборови, поими и скратеници од областа на информатичката технологија, издаден од Министерството за информатичко општество во 2009 година. Поимникот е достапен на семрежното место на МИОА во електронски облик. [1]

Опис[уреди | уреди извор]

Поимникот на македонски зборови од информатичката технологија е поделен на две дела. Првиот дел содржи околу 1200 заглавни зборови подредени по англиската абецеда и за секоја ставка е даден соодветен збор или поим на македонски јазик. Во вториот дел се дадени 75 англиски скратеници исто така подредени по абецеда за кои е дадено англиското значење, македонската скратеница и значењето на македонски јазик.

Поимникот има за цел да ја зголеми употребата на македонски зборови од областа на информатичката технологија во секојдневната комуникација.

Овој превод на зборовите се смета за официјален во македонскиот јазик и затоа се препорачува на сите институции, претпријатија, организации и на граѓаните на Република Македонија да ги користат преведените зборови од овој поимник.[1]

Изработувачи[уреди | уреди извор]

Во изработка на поимникот на македонски зборови од областа на информатичката технологија учествувале:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Поимник на македонски зборови од информатичката технологија“ (PDF). МИОА. Посетено на 5 јуни 2022.