Поетска читанка
Изглед
„Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца“ — збирка со песни за деца, издание на Просветно дело, Редакција „Детска радост“ од 2005 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи 53 песни, распоредени во пет циклуси:[1]
- Мечта
- Крег Мот, „Народна песна“
- Видое Подгорец, „Принцезата бреза“
- Јуриј Коринец, „Поток“
- Србо Ивановски, „Градот на принцезата пастрмка“
- Патрис Кајо, „Големиот ѓердан“
- Ренцо Пецани, „Би сакал ли“
- Глигор Поповски, „Тато“
- Џудит Рајт, „Легенда“
- Славе Ѓорго Димоски, „Ако знам“
- Игра
- Славко Јаневски, „Песна за Јапонецот и за уште нешто“
- Добрица Цесариќ, „Разговор со ќосот“
- Херман Хесе, „Пеперутка“
- Васил Куноски, „Дајте ни“
- Микола Винтрановски, „Скитска заспивалка“
- Георги Струмски, „Големиот и малиот“
- Каетан Кович, „Пролет“
- Михо Атанасовски, „Чадорче“
- Јулијан Тувим, „Задоцнетиот славеј“
- Роберт Луис Стивенсон, „Ветар“
- Јован Стрезовски, „Рингишпил“
- Николај Зидаров, „Крај мене мина ветрот“
- Пол Фор, „Оро околу светот“
- Јован Павловски, „Вторник“
- Рита Буми - Папа, „Роза“
- Јуџин Филд, „Русокосото дете“
- Тоне Павчек, „Едноставни зборови“
- Србо Ивановски, „Смешен настан на улицата“
- Робеиро Коуто, „Девојчето од сиромашната станица“
- Ту Фу, „Штирец“
- Љупчо Силјановски, „Залудната љубов на вторникот“
- Славко Јаневски, „Бунтот на чадорите“
- Сормуниршин Дашдоров, „Утро во пустината Гоби“
- Санде Стојчевски, „Вељо чудо“
- Душан Радовиќ, „Лав“
- Славко Јаневски, „Пошла прва камила, пошла втора камила“
- Книга
- Видое Подгорец, „Песна за солунските браќа“
- Насиха Капиџиќ-Хаџиќ, „На кого му раскажува“
- Стојан Тарапуза, „Силата на зборовите“
- Лудвиг Ухланд, „Утринска песна“
- Џани Родари, „Надеж“
- Санде Стојчевски, „Прозорчето на чичко Цепенков“
- Татковина
- Беристерне Бернсон, „Дрво“
- Васил Куноски, „Родниот Гоцев кат“
- Љубивое Ршумовиќ, „Татковината се брани со убавина“
- Видое Подгорец, „Што е тоа татковина“
- Велимир Милошевиќ, „Татковина“
- Звонимир Балог, „Поет“
- Милутин Бебековски, „За родата, за слободата“
- Дело
- Глигор Поповски, „Прсти“
- Сесил Шабо, „Појди“
- Видое Подгорец, „Жеравите на Сасаки“
- Едвин Миркам, „Подготвеност“
- Санде Стојчевски, „Часовник“
Опис на книгата
[уреди | уреди извор]Изброт на песните ги направил Миодраг Друговац, а Жарко Туниќ е автор на корицата, на илустрациите и на дизајнот. Книгата, со обем од 116 страници и димензии од 20 сантиметри, е објавена во библиотеката „Лектирни изданија“. Таа е каталогизирана во НУБ. „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-546-3.[2]