Под југословенското небо
| Под југословенското небо | |
|---|---|
| Режисер | Миодраг Мика Ѓорѓевиќ |
| Продуцент | Миодраг Мика Ѓорѓевиќ |
| Музика | Станислав Бинички |
| Премиера | 1934 |
| Времетраење | 76 минути |
| Земја | Кралство Југославија |
| Јазик | српски |
| IMDb | ID 0325989 |
„Под југословенското небо” (српски: Под југословенским небом, на латиница: Medena zemja) е прв звучен југословенски филм од 1934 година.[1] Автор на сценариото и режијата е Миодраг Мика Ѓорѓевиќ, еден од пионерите на седмата уметност на овие простори.
За филмот
[уреди | уреди извор]„Под југословенското небо” е снимен како долгометражен туристички и документарен филм во продукција на „Југословенски просветен филм". Составен е од низа филмски вињети на који се претставени природните убавини и општеството во Југославија. Музиката за филмот ја направил композиторот Станислав Бинички. Филмот бил снимен на бројни локации од Охрид до Блед и од Ѓердап до Јадран. За цел туристичка промоција на земјата филмот бил прикажуван во Франција и Чехословачка. Куриозитет во филмот претставува првата тонска снимка на југословенскиот крал Александар, кој во филмот му посакал добредојде на чехословачкиот министер за надворешни работи.