Под јармот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Вазов

„Под јармот“ (бугарски: Под игото) — роман во три делови на бугарскиот писател Иван Вазов, целосно објавен за прв пат во 1894 година и посочен како прв пример за роман во бугарската книжевност. Творбата е најпопуларното и ценето дело на писателот.

Романот е напишан за време не прогонот на Вазов во Одеса и е пренесен во Бугарија со руска дипломатска пошта. Бил издаден од издавачката куќа „Т. Ф. Чипев“.

Поднасловот на романот гласи „Од животот на Бугаринот во предвечерието на Ослободувањето“. Бил напишан во периодот 1887–1888 во Одеса (тогаш Руско Царство, денес Украина). Првиот дел бил објавен по прв пат во 1889 година во „Зборник за народни умотворби, наука и книжнина“. Во 1890 година, во истиот зборник биле објавени и другите делови. Во 1894 година бил објавен како самостојна книга.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]