Прејди на содржината

Под опсада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Под опсада
Плакатот на филмот
РежисерЕндру Дејвис[1]
Продуцент
СценаристЏ. Ф. Лотон
Главни улоги
МузикаГари Чанг
КинематографијаФренк Тајди
Монтажа
Студио
ДистрибутерWarner Bros.
Премиера9 октомври 1992 г.
Времетраење103 минути
Земја
Јазиканглиски
Буџет30 милиони долари
Бруто-заработка156,6 милиони долари
СледенПод опсада 2: Мрачна територија

Под опсада (англиски: Under Siege) — американски акционен филм од 1992 г., во режија на Ендру Дејвис, со Стивен Сигал во главната улога. Филмот ја раскажува приказната за обидот на терористите да го заземат борбениот брод „Мисури“, кој носи јадрено оружје.

Филмот имал две номинации за наградата „Оскар“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Борбениот брод „Мисури“ е пред повлекување од воена служба. Кејси Рајбек е личен готвач на капетанот Адамс. Рајбек постојано е во судир со извршниот офицер на бродот, командантот Крил, но капетанот секогаш посредува за да ги смири страстите. Еден ден, по посетата на претседателот на „Мисури“, што се совпаѓа со роденденот на капетанот, капетанот дознава дека командантот Крил дозволил вртолет да слета на бродот без негово знаење. Кога е испрашуван, Крил му вели на капетанот дека тоа е изненадување за неговиот роденден, по што капетанот дозволува слетување. Потоа, по уште една нивна меѓусебна расправија, Крил го заклучува Рајбек во комората за замрзнување.

За време на забавата, рок-групата открива дека всушност се платеници предводени од Вилијам Страникс, оперативец на ЦРА, кој е во дослух со Крил за да ги украдат сите јадрени боеви глави од бродот. Тие го затвораат целиот екипаж и прават подготовки за отстранување на боевите глави. Кога Крил ќе се сети на Рајбек, Страникс праќа двајца свои луѓе за да го „средат“, но Рајбек ги совладува нив. По откривањето на нивните тела, Страникс заклучува дека Рајбек е многу повеќе од обичен готвач. Тој го праќа Крил да провери, а Крил открива дека Рајбек е всушност член на елитната единица на Американската морнарица, Морнарички фоки, чиј чин бил деградиран до готвач по една случка во Панама. Додека Рајбек продолжува да им прави проблеми, Страникс се обидува да го улови. По патот, Рајбек ја запознава Џордан, поранешна манекенка на „Плејбој“, која требало да ги забавува гостите на забавата, но била заборавена.

Глумец Улога
Стивен СигалКејси Рајбек
Ерика ЕленијакЏордан Тејт
Гари Бјусикомандант Крил
Томи Ли ЏонсВилијам Страникс
Енди Романоадмирал Бејтс
Колм МиниДаумер
Патрик О’Нилкапетан Адамс
Дејл Дајкапетан Ник Гарза
Ник МанкусоТом Брејкер
Дејмијан ЧапаТакман
Томас Милс Вудредов Неш
Трој ЕвансГрејнџер
Денис ЛипскомбТрентон
Берни Кејсикомандант Харис
Глен Моршауерзаставник Тејлор
Рејмонд КрузРамирес
Ричард Џонсд-р Пит
Џорџ Чунгкомандос
Кејн Ходеркомандос
  1. Fox, David J. (1992-10-20). „Seagal Has Blast With Unlikely Success of 'Siege'. Los Angeles Times. Посетено на 2010-09-10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]