Подилски мост (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Подільський міст
Kyiw Podilsko-Woskresensky mist1.jpg
Носи Автомобилски
Минува Днепар
Место Киев, Украина
Особености
Најдолг распон 344 м[1]
History
Инженер Григориј Фукс
Почнат 1993
Завршен 2013(?)

Подилскиот мост (украински: Подільський міст) е мост кој е во изградба и кој по неговата изградба ќе минува низ реката Днепар во престолнината на Украина, Киев.

Главен архитект е Георгиј Фукс. Самиот мост е вклучен во генералниот проект на Киев 2020 кој вклучува развој односно изградба на голем број урбанистички центри, посебно од областа на инфраструктурата. Во тој проект е вклучен и самиот мост.

Првите обиди за изградба на мостот датираат уште од 1987 година. Според одлуката за изградба на урбанистичкиот совет на 25 јули 1990 година, на 19 април 1993 година истиот проект бил одобрен и од страна на Киевскиот градски совет. Така, изградбата на мостот започнала во 1993 година, но главно поради недостатокот на финансиски средства конструкцијата била стопирена. Од 2003 година започнал нова иницијатива за негово градење.

Според проектот, мостот треба да биде долг 7,5 милји.