Подземни Фреквенции

Од Википедија — слободната енциклопедија

Подземни Фреквенции — македонско мрежно место, друштво и емисија на Канал 103[1] за промовирање и одржување на алтернативната музичка сцена во Македонија и пошироко. Претходно насловено како „Хардкор Нација“ беше наменето како средношколско рап радио, но поради понатамошни различни интереси на пронаоѓачите, радиото за кратко време станува „Подземни Фреквенции“ и се насочува кон целата алтернативна и квалитетна не комерцијална музика. Првото емитување беше во 2011 месец Мај.

Историја[уреди | уреди извор]

Радио Москва

Подземни Фреквенции започна како средношколско интернет радио за рап музика, насловено како „Хардкор Нација“. За брзо време се менува во тоа што е денес, а како логотип е поставено поранешното лого на „Радио Москва“, најмоќното радио на светот на времето на Советскиот Сојуз. Радиото на почетокот иако беше преименувано во Подземни Фреквенции, претходното име се најде за единствената емисија на почетокот „Хардкор Нација“. По кратко време повеќе волонтери се придружија и повеќе жанрови беа опфатени. На почетокот радиото беше емитувано на сервисот за интернет телевизија Livestream[2], а беше најавено и емитување на ФМ зраци и интернет радио плеери преку директно вдомување.

Портал[уреди | уреди извор]

Податотека:Frekvenciistrana.png
Подземни Фреквенции Портал

По една година постоење, Подземни Фреквенции отвори портал на .tm (Туркменистан) доменот, и почна да нуди новости од музичката култура и сцена на Македонија и пошироко. Како дел од Порталот се отвори и првата македонска музичка продавница на интернет, но поради тешкотиите и тешкостите моментално е на пауза, и сè уште не се знае дали ќе продолжи со работа.

Обнова и Радиоемисии[уреди | уреди извор]

По поставување на порталот, нивото на слушаност на радиото се зголеми и повеќе посетители од балканот и пошироко се здружија на една страница, што и беше првичната идеја. Со тоа се пријавуваа и сѐ повеќе волонтери. Прва додатна емисија до првичната „Хардкор Нација“ беше „Жици“ од еден од првичните водители на „Хардкор Нација“ и воедно еден од основачите на ова радио. По четири месеци од пуштањето на порталот, новиот редизајн беше објавен на подземната јавност, и новите бои - Црна или бела со жолта, каде што сега следи на секое официјално место на Подземни Фреквенции.

Радио Емисии[уреди | уреди извор]

Првата радио емисија беше Хардкор Нација, "емисија за тврдокорен и старошколски рап" предводена од Фајндер. Емисијата е емитувана секоја недела во 22:00, но подоцна префрлено од 20:00 поради новата емисија „Жици“. На Хардкор Нација беа емитувани неколку ексклузивни песни пред да излезат официјално на албум, па тоа привлече внимание и слушаност. Жици беше втората емисија по ред и се емитува во недела по Хардкор Нација, во 22:00 па сѐ до полноќ. По Жици, емисијата за стонер рок „Стонирање“ беше емитувана во 19:00 како загревање за почетокот на Хардкор Нација, но емисијата претрпи само една кратка сезона од 5 емисии. За нејзина замена беше поставена новата емисија за алтернативен рок и панк Ахроматски Вибрации со водителот Временски Мевоплов, со почеток од 18:00 како целосна емисија.

Емисија Водител Жанр/Тип
Ахроматски Вибрации Временски Мевоплов Рок/Панк (Говорна Емисија)
Хардкор Нација Фајндер Рап
Жици Nemorosus Алтернативна Музика

[3]

Радиото претрпе измени и беа набавени неколку пробни опслужувачи за пуштање и префрлање на целиот радио систем од Livestream, што е сервис наменет за интернет телевизија. Подземни Фреквенции сега емитува на вкупно 3 опслужувачи:

  • 128kbps M3U/PLS опслужувач со директен линк и pop-up плеер[4]
  • 64kbps M3U/PLS опслужувач со директен линк[4]
  • Livestream како поддршка на првите два опслужувачи, или кога емисиите не се емитуваат активно (Крај на сезона)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-06-06. Посетено на 2021-08-14.
  2. http://frekvencii.com/faq[мртва врска]
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-05-30. Посетено на 2013-05-08.
  4. 4,0 4,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-09-18. Посетено на 2013-05-08.