Податочна структура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Податочна структура позната како раздробувачка табела

Податочна структура — облик на организирање, управување и складирање на податоци којшто овозможува алгоритмички ефикасен пристап и обликување.[1][2][3] Попрецизно, податочната структура претставува збирка од податочни вредности, нивните меѓусебни врски, како и функциите и операциите коишто се применуваат на нив.[4]

Примена[уреди | уреди извор]

Податочните структури служат како основа за апстрактни податочни видови. Апстрактниот податочен вид го определува логичкиот облик на податочниот вид. Податочната структура го користи физичкиот облик на податочниот вид.[5]

Различни видови на податочки структури се приспособени за различни видови на примена и некои од нив се високоприспособени за конкретни задачи. Така на пример, релациските бази на податоци користат индекси на В-дрво за повикување на податоците,[6] додека употребата на програмскиот преведувач обично повлекува раздробувачки табели за препознавање на определбите.[7]

Податочните структури обезбедуваат средство за ефикасно управување со големи количини податоци за големи бази на податоци и мрежно индексирање. Обично ефикасните податочни структури се клучни за создавање ефикасни алгоритми. Некои методи и програмски јазици ги претпочитаат податочните структури во однос на алгоритмите како клучен организациски чинител во создавањето на програмска опрема. Податочните структури може да се користат и за организирање на складот и повикувањето информации складирани во првостепеното и второстепено сметачко памтење.[8]

Употреба[уреди | уреди извор]

Податочните структури главно се засноваат врз способноста на сметачот да повика и складира податоци било каде во неговото памтење, што е определено со покажувачот, т.е. низа како претстава за памтечка адреса којашто може да биде складирана во сметачкото памтење и изменувана од страна на програмот. Со тоа, низите и записите на податочните структури се засноваат врз пресметување на адресите на податочните ставки со аритметички операции, додека поврзаните податочни структури се засноваат врз складишни адреси на податочки ставки во самата структура.

Употребата на податочната структура обично бара впишување на множество постапки коишто создаваат и изменуваат примери од самата структура. Ефикасноста на податочната структура не може да бидат анализирани одвоени од другите операции. Ова набљудување го мотивира теоретскиот концепт на апстрактен податочен вид, т.е. податочна структура којашто е посредно определена од операциите коишто може да бидат спроведени на неа, и математички својства на операциите (вклучувајќи ги трошоците за простор и време).[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cormen, Thomas H.; Leiserson, Charles E.; Rivest, Ronald L.; Stein, Clifford (2009). Introduction to Algorithms, Third Edition (3rd ed.). The MIT Press. ISBN 978-0262033848.
  2. Black, Paul E. (15 December 2004). "data structure". In Pieterse, Vreda; Black, Paul E. (eds.). Dictionary of Algorithms and Data Structures [online]. National Institute of Standards and Technology. Посетено на 2018-11-06.
  3. Data structure“. Encyclopaedia Britannica. (17 April 2017).
  4. Wegner, Peter; Reilly, Edwin D. (2003-08-29). Encyclopedia of Computer Science. Chichester, UK: John Wiley and Sons. pp. 507–512. ISBN 978-0470864128.
  5. "Abstract Data Types". Virginia Tech - CS3 Data Structures & Algorithms.
  6. Gavin Powell (2006). "Chapter 8: Building Fast-Performing Database Models". Beginning Database Design. Wrox Publishing. ISBN 978-0-7645-7490-0.
  7. "1.5 Applications of a Hash Table". University of Regina - CS210 Lab: Hash Table.
  8. "When data is too big to fit into the main memory". homes.sice.indiana.edu.
  9. Dubey, R. C. (2014). Advanced biotechnology : For B Sc and M Sc students of biotechnology and other biological sciences. New Delhi: S Chand. ISBN 978-81-219-4290-4. OCLC 883695533.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Peter Brass, Advanced Data Structures, Cambridge University Press, 2008, ISBN 978-0521880374
  • Donald Knuth, The Art of Computer Programming, vol. 1. Addison-Wesley, 3rd edition, 1997, ISBN 978-0201896831
  • Dinesh Mehta and Sartaj Sahni, Handbook of Data Structures and Applications, Chapman and Hall/CRC Press, 2004, ISBN 1584884355
  • Niklaus Wirth, Algorithms and Data Structures, Prentice Hall, 1985, ISBN 978-0130220059

Препорачана литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]