Погрешно свртување
| Погрешно свртување | |
|---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
| Режисер | Роб Шмит |
| Продуцент |
|
| Сценарист | Алан Б. Макелрој |
| Главни улоги | |
| Музика | Елија Кмирал |
| Кинематографија | Џон Бартли |
| Монтажа | Мајкл Рос |
| Студио | |
| Дистрибутер | 20th Century Fox |
| Премиера | 30 мај 2003 г. |
| Времетраење | 84 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 12,6 милиони долари |
| Бруто-заработка | 28,7 милиони долари |
| Следен | Погрешно свртување 2: Ќорсокак |
Погрешно свртување (англиски: Wrong Turn) — филм на ужасите во жанрот слешер од 2003 г., во режија на Роб Шмит, а по сценарио на Алан Б. Макелрој. Во филмот играат младите глумци Десмонд Харингтон, Елајза Душку, Емануел Шрики, Џереми Систо, Кевин Зегерс и Линди Бут. Премиерата во САД била одржана на 18 мај 2003 г. Филмот раскажува за група од шест лица што се прогонувани од семејство човекојадци во шумите на Западна Вирџинија.[1]
Погрешно свртување започнал да се прикажува во САД на 30 мај 2003 г. во распределба на 20th Century Fox. Филмот добил мешани одзиви — критичарите ја пофалиле идејата, но го критикувале сценариото, неразвиените ликови и клишеата на ужасите. Заработил над 28 милиони долари ширум светот со буџет од 12 милиони долари.
Во 2007 г. излегло продолжение под наслов Погрешно свртување 2: Ќорсокак, издадено право на видеоносители, по што следувале уште четири продолженија и една обнова.
Содржина
[уреди | уреди извор]Двајца студенти, Рич Стокер и Хели Смит, се искачуваат по карпи во оддалечена шума во Западна Вирџинија. Кога Рич стигнува до врвот, тој е нападнат и убиен пред да може да ѝ помогне на Хели. Некој почнува да ја влече Хели нагоре по карпата, принудувајќи ја да го пресече јажето и да падне на земја. Таа се обидува да побегне, но се заплеткува во бодликава жица и е одвлечена назад во шумата.
Некое време подоцна, студентот по медицина Крис Флин патува низ планините на Западна Вирџинија на пат кон важен деловен состанок. Тој запира на бензинска пумпа за да праша за правец, но постариот сопственик по име Мејнард не му помага. Крис наоѓа карта и одлучува да тргне по патот „Беар Маунтин“. По пат, тој се судира со запрен автомобил, чии гуми се дупнати. Автомобилот им припаѓа на група студенти што се на кампување: Џеси, Карли, Скот, Еван и Франсин. Тие откриваат дека гумите налетале на бодликава жица што некој намерно ја поставил на патот.
Додека Еван и Франсин остануваат кај автомобилите, останатите заминуваат да побараат помош. Еван исчезнува откако слуша нешто во шумата, а Франсин го наоѓа неговото уво на земјата. Таинствена личност ја дави Франсин со бодликава жица. Останатите од групата влегуваат во изолирана колиба и се преплашени кога внатре наоѓаат човечки делови. Сопствениците на колибата се враќаат, принудувајќи ги младите да се сокријат. Тројца човекојадски планинци — Трипрстиот, Пилозабиот и Едноокиот — влегуваат во колибата со трупот на Франсин. Групата скриена набљудува како човекојадците го распарчуваат и јадат нејзиното тело.
Откако човекојадците заспиваат, групата се обидува да избега, но напаѓачите се будат и ги бркаат низ шумата. Крис е ранет во ногата додека се обидува да им го одвлече вниманието на човекојадците. Девојките го носат до еден камион, каде што го наоѓаат телото на Еван. Скот се обидува со друга мамка за да ги спаси останатите тројца, но е убиен со стрели. Џеси, Карли и Крис наидуваат на стара набљудувачница и бараат помош преку радио. Човекојадците пристигнуваат и ја палат кулата, принудувајќи ги тројцата да скокнат на околните дрвја. Во потерата, Карли е убиена од Трипрстиот, кого Крис потоа го турка од дрвото. Џеси и Крис наоѓаат засолниште во пештера зад водопад.
Следното утро, човекојадците ги наоѓаат, го туркаат Крис по ридот и ја грабнуваат Џеси. Крис го преживува падот и среќава полицаец, кој веднаш е убиен од Пилозабиот. Крис се крие под полицискиот камион додека човекојадецот вози назад кон колибата. Таму, Џеси е врзана за кревет и сведочи на ужасните сцени на човекојадците. Крис ја пали колибата и влетува внатре со камионот. Тој ја ослободува Џеси и ја уништува колибата пукајќи во резервоар со гориво. Двојката бега со камионот на човекојадците. Патем, Крис запира на бензинската пумпа на Мејнард, ја кине картата од ѕидот и си заминува.
Во сцената по одјавната шпица, еден заменик-шериф што претходно го примил радиоповикот ги истражува остатоците од уништената колиба. Трипрстиот, кој го преживеал избувнувањето, се појавува и го убива шерифот смеејќи се избезумено.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Десмонд Харингтон | Крис Флин |
| Елајза Душку | Џеси Барлингејм |
| Емануел Шрики | Карли |
| Џереми Систо | Скот |
| Кевин Зегерс | Еван |
| Линди Бут | Франсин |
| Гари Робинс | Пилозабиот |
| Тед Кларк | Едноокиот |
| Ивон Годри | Хели Смит |
| Џоел Харис | Рич Стокер |
| Дејвид Хабанд | шериф Бартли |
| Вејн Робсон | старецот Мејнард |
| Џејмс Даунинг | камионџијата |
| Џулијан Ричингс | Трипрстиот |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Harris, Dana (14 август 2001). „'Wrong' is right for duo“. Variety. Архивирано од изворникот 27 октомври 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Погрешно свртување на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)