Погодок!

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Погодок! Пребарувач на Македонија

Погодок! Пребарувач на Македонија[уреди | уреди извор]

Пребарувачот предвиден за семрежниот простор во Македонија, започна со работа на 22 ноември 2005 година. Pogodok.com.mk ќе работи на комерцијализација на пребарувачкиот семрежен простор во Македонија.

Пребарувачот Погодок! ги собира, ги организира и овозможува увид во содржините кои постојат на домашното семрежје. . Како резултати од пребарувањата се добиваат исклучително информации од домашниот дел на семрежјето, кој е мал во однос на глобалната мрежа, но од исклучително значење за целокупната македонска заедница. Со ова се елиминира појавата на незначајни информации помеѓу резултатите од пребарувањето. Корисниците брзо и лесно добиваат употребливи информации. Брзиот и лесен пристап на информациите ќе има за резултат корист за самите автори. Тие ќе бидат мотивирани да создаваат нови содржини. Со тоа ќе се поттикне развојот на делот од македонското семрежје како и зголемување на нивото на квалитет на услугите кои се достапни преку него.

Основни предности на локалниот пребарувач Погодок! во однос на глобалните пребарувачи се:

  • Во целост е прилагоден на македонски и на албански јазик (латиница и кирилица);
  • Пребарувачот ги зема предвид граматичките правила (род, број и сл);
  • Се овозможува брзо и едноставно пребарување на комплетните содржини на домашното семрежје, на com.mk или други домени;
  • Од пребарувањето како резултати се исклучени зборови кои имаат ист или сличен облик на другите јазици;
  • Побрзо и полесно се одговара на потребите на домашните корисници;
  • Развој на партнерства со домашни компании и институции овозможува интегрирање на дополнителни локални содржини;
  • Применувањето на напредна технологија овозможува истовремено раст на целокупната регионална мрежа на локални пребарувачи.

Од 01.09.2010 пребарувачот Погодок е исклучен и не функционира.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]