Прејди на содржината

Архиепископ Охридски и Македонски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Поглаварот на МПЦ)
Грб на МПЦ-ОА.

Архиепископ Охридски и Македонски — титула која е дадена на поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Поглаварот на МПЦ, покрај оваа официјална титула, ја носи и титулата Господин Господин и најчесто следи веднаш по официјалната титула и е во вид на кратенка. Така, при формално обраќање, сегашниот поглавар на МПЦ се именува како Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. При неформално обраќање, официјалната титула се изоставува и кон поглаварот се обраќа со титулата Неговото блаженство, па така имаме Неговото блаженство г. г. Стефан.

Историја

[уреди | уреди извор]

Термините „архиепископ“ и „Охридски“ се однесуваат на средновековната македонска црква Охридска архиепископија, каде МПЦ се смета за директен наследник на истата. Во средновековието, архипископите на Охридската архиепископија се именувале како Охридски архиепископ. По возобновувањето на истата во лицето на МПЦ, се додал и зборот „Македонска“.

Архиепископи

[уреди | уреди извор]
# Поглавар Слика Име Крстено име Датум и место на раѓање Возраст на почеток/крај на поглаварството Белешки
1 4 октомври 195820 мај 1981

(&1000000000000002200000022 години и &10000000000000228000000228 дена)

Доситеј II

(1906–1981)

Димитар Стојковски 7 декември 1906 Маврово, Гостиварско, Отоманско Царство 51 / 74
2 18 август 198115 јули 1986

(&100000000000000040000004 години и &10000000000000301000000301 дена)

Ангелариј

(1911–1986)

Цветко Крстески 25 март 1911

Долнени, Прилепско, Отоманско Царство

70 / 75
3 4 октомври 19869 јуни 1993

(&100000000000000060000006 години и &10000000000000248000000248 дена)

Гаврил II

(1912–1996)

Ѓорѓи Милошев 17 април 1912

Скопје, Отоманско Царство

74 / 81 (†83)
  • Архиепископот ја обновил древната традиција на фрлање крст во реката Вардар.
  • Во 1990 година, го промовирал капиталното дело македонскиот превод од Библијата.
  • Прв архиепископ кој раководел со МПЦ-ОА во Република Македонија.
  • Се повлекол од престолот во 1993 година поради старост.
4 21 декември 19936 јуни 1999

(&100000000000000050000005 години и &10000000000000167000000167 дена)

Михаил

(1912–1999)

Методи Гогов 20 мај 1912

Ново Село, Штипско, Отоманско Царство

81 / 87
5 10 октомври 1999 – денес

(&1000000000000002500000025 години и &10000000000000226000000226 дена)

Стефан

(1955)

Стојан Вељановски 1 мај 1955

Добрушево, Битолско, НР Македонија

44
  • Со 44 години, г.г. Стефан е најмладиот архиреј кој станал архиепископ на МПЦ-ОА, како и архиепископ со најдолго владеење со МПЦ-ОА.
  • Прв архиепископ на автокефална МПЦ-ОА.
  • Прв архиреј кој е роден во слободна Македонија.

Временска линија

[уреди | уреди извор]
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. МихаилАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил IIАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. АнгеларијАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј II

Поврзано

[уреди | уреди извор]