Површински интеграл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дефиницијата на површинскиот интеграл се потпира на поделбата на површината на помали површински елементи.

Површински интеграл — во математиката претставува генерализација на повеќекратни интеграли за интеграција преку површина. Може да се смета како двоен интеграл аналоген на криволиниски интеграл . Во однос на површината, може да се интегрира преку неговите скаларни полиња (т.е. функции кои враќаат скалари како вредности) и векторски полиња (т.е. функции кои враќаат вектори како вредности).

Површинските интеграли имаат примена во физиката, делумно со теориите на класичниот електромагнетизам.

Површински интеграл на скаларни полиња[уреди | уреди извор]

За да се најде експлицитна формула за површинскиот интеграл, неопходно е да се параметриизира областа на интерес, S, сметајќи го системот на криволиниски координати на S, како и географската ширина и должина на сферата. Нека таквата параметаризација биде (s, t), каде што (s, t) варира во некоја област T во рамнината. Потоа, даден е површинскиот интеграл

каде изразот меѓу линиите од десната страна е големината на вкрстениот производ на парцијалните изводи (s, t) и е познат како површински елемент. Површинскиот интеграл може да се изрази и во еквивалентна форма

каде што g е детерминанта на првиот фундаментален облик на површинско пресликување (s, t).[1][2]

На пример, ако сакаме да ја најдеме површината на графиконот на некоја скаларна функција, на пример , имаме

при што . Така што и следи

што е стандардната формула за површината опишана на овој начин. Векторот може да се препознае во вториот ред погоре како нормален вектор на површината.

Треба да се има на ум дека, поради присуството на вкрстен производ, горенаведените формули важат само за површини вградени во тридимензионален простор.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1937-, Edwards, C. Henry (Charles Henry), (1994). Advanced calculus of several variables. New York: Dover Publications. ISBN 978-0-486-68336-2. OCLC 31331742.CS1-одржување: излишна интерпункција (link) CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  2. Encyclopaedia of mathematics : an updated and annotated translation of the Soviet "Mathematical encyclopaedia". Hazewinkel, Michielџ. Dordrecht: Reidel. 1988—1994. ISBN 978-1-55608-010-4. OCLC 16755499. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]