Поврзи ги точките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Поврзи ги точките е збирка поезија од македонската поетеса Николина Андова Шопова. Книгата е објавена во 2014 година од издавачката куќа „Темплум“.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Книгата е отпечатена во мек повез и мал формат, со димензии од 17 сантиметри. Таа има 64 страници и е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-35-1. Графичкото уредување и дизајнот се дело на „Кома“. На крајот од збирката се наоѓаат поговорот под наслов „Поврзување на световите“, напишан од Владимир Јанковски, како и куса биографија на Андова Шопова. Објавувањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 36 песни, сместени во три циклуси: „Патувам“, „Дом“ и „Ништо не е твое“. Таа ги содржи следниве песни: „Се сеќавам на една игра“, „Во моето тело“, „Чукни пред да влезеш“, „Дента кога се родив“, „Првпат те сретнав“, „Наопаку“, „Се задолжив“, „Стапки“, „Мед и тишина“, „Таму е тоа место“, „Високо“, „Кружи ли кружи“, „Патувам“, „Ајде да му избегаме на времето“, „Во твојот џеб“, „Нечие друго име“, „За секој случај“, „Сега“, „Така и тебе те пронаоѓам“, „Едно време знаев сè за тебе“, „Толку малку“, „Да изградиме куќа“, „Нивната игра“, „Дом“, „Да научиме да забораваме“, „Моите раце“, „Се затворам“, „Рамка“, „Траги“, „Подвиткај ги овде зборовите“, „Заборавам“, „Сè се знае“, „19, 20, 21, 22“, „Надвор од нас“, „Пукнатина“ и „Ништо не е твое“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николина Андова Шопова, Поврзи ги точките, Темплум, 2014.
  2. Николина Андова Шопова, Поврзи ги точките, Темплум, 2014.