Повеќекратни сарказми

Од Википедија — слободната енциклопедија

Повеќекратни сарказми (англиски: Multiple Sarcasms) е американски филм, во режија на Брукс Бренч. Главните улоги ги толкуваат: Тимоти Хатон и Мира Сорвино.

Содржина[уреди | уреди извор]

Габриел (го игра Хатон), гледано на прв поглед, има се: успешна кариера на архитект, преубава жена и млада ќерка. Но, бидејќи не се чувствува вистински среќен, тој решава да напише драмски текст за тажната состојба во која се наоѓа. Истовремено, тој дава отказ од работата, наоѓа агресивен агент кој го претставува и почнува да се занимава со пишување. Промените коу му се случуваат по оваа одлука го наведуваат да се преиспита околу тоа што навистина го прави среќен.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 25.
  2. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 21.