Повеќекратник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Повеќекратник на n е производ на n со цел број. Поинаку кажано, повеќекратник на n е број кој, поделен со n, како резултат дава цел број (Евклидовото делење има остаток од нула).

Ако n е повеќекратник на d, тогаш d е делител на n. Природен број има бесконечно многу повеќекратници.

Списокот на најмали повеќекратници на цел број се нарекува таблица на множење на овој број. Така зборуваме за таблица на множење на 6.

Пример[уреди | уреди извор]

60 е повеќекратник на 15, бидејќи 60 = 15 × 4 и 4 е цел број.

Посебни случаи:

  • Секој цел број е повеќекратник на 1 и на самиот себе (пр.: 3 = 1 × 3 или 5 = 5 × 1).
  • Целиот број 0 е повеќекратник на секој цел број n, бидејќи 0 = 0 × n .

Поврзано[уреди | уреди извор]