Повеќекратен девизен курс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Карактеризација и дефиниција[уреди | уреди извор]

Меѓународна економија во повеќе наврати низ историјата доживеала економски кризи што го зафатиле најголемиот број од националните економии во светот,а меѓу нив и најразвиените земји. Во поновата историја особено негативно врз вкупниот Економски развој на светот се одразила Големата економска криза од 30-тите години на минатиот век, на која се надоврзувале уништувањата од Втората светска војна. Индустриските земји во светот се обидувале да ги надминат последиците од кризата и од војната речиси се до крајот на 50-тите години. Во овој долг период тие се соочувале со финансиска нестабилност,што не дозволувало слобода во формирањето на девизниот курс и отстранување на владиното влијание и контрола врз меѓународните трансакции. Во современиот свет не постои економија која не е засегната од одливот на капитал,па затоа и најразвиените економии вршат контрола на меѓународните трансакции што доведуваат до одлевање на капиталот.Но,затоа стабилните, развиени земји веќе не вршат контрола на овие трансакции што обезбедуваат прилив на капитал во националната економија.

За разлика од нив,се уште постојат неразвиени земји,како, на пример земји во Африка, Јужна Америка и на Далечниот Исток ,кои не поседуваат конвертибилна национална валута, а располагаат со мал обем на девизни резерви и се соочуваат со сериозни проблеми во билансот на плаќањата. Тие се принудени да вршат контрола не само на одливот на капитал туку и на приливот на капитал. Ова се прави со цел да се обезбеди рационално искористување на мошне ограничени девизни резерви. Во екстремни сличаи владата може да ги обврзе сите економски субјекти што остваруваат девизен прилив него да го преотстапат во целост на овластените банки во земјата,за потоа владата да може да врши алокација на девизните средств а на субјектите на кои им се потребни девизни средства, и тоа по однапред договорен девизен курс. На тој начин, владата обезбедува целосна контрола врз состојбата на билансот на плаќањата и врз одливот на капитал од земјата.

Со оглед на тоа,што горенаведениот метод е многу ригорозен, тој не е мошне популарен. Често пати, наместо ваков начин на контрола врз девизниот курс и девизните резерви, се воведува повеќекратен девизен курс. Повеќекратниот девизен курс предизвикува воведување на различна големина на девизниот курс за различни видови меѓународни трансакции. Така, за неопходниот увоз се предвидува поповолен девизен курс од официјалниот, додека за одливот на капитал што може да настане како резултат на увозот на луксузни стоки девизите се достапни за увозниците по далеку повисок,односно понеповолен девизен курс од официјалниот. На овој начин се обезбедува субвенционирање, или пак дополнително оптоварување на увозот за различни видови стоки. Овој механизам бил применуван на почетокот на 70-тите години во Чиле, при што разликата меѓу девизните курсеви што се употребувале за различни видови меѓународни трансакции можела да биде поголема од шест пати ,што е илустрирано со податоците од следнава табела:

ТАБЕЛА 1. Чилеански систем на повеќекратни девизни курсеви од 1972 година

Видови трансакции Девизен курс на есквидоси во однос на долар
Резеденцијални патувања 130
Луксузен увоз 80
Туризам (во Чиле) 46
Увоз на опрема 40
Студентски трошоци 36
Специфичен увоз 30
Увоз на суровини 25
Посебна трговска размена 20


Некои економии, наместо механизмот на повеќекратните девизни курсеви, се определуваат за механизмот на т.н. дуален курс. Со овој механизам се определува различен девизен курс за трговските трансакции од оној што се применува за капиталните трансакции на меѓународниот пазар. Додека за трговските трансакции се користи курс што е врзан за официјалниот курс на националната валута определен од монетарните власти на земјата,за капиталните трансакции се определува флексибилен девизен курс што е карактеристичен за финансискиот пазар. Во практиката не е можно целосно одвојување на комерцијалните од капиталните трансакции. Сепак искуствата на Белгија, Франција и Италија покажуваат дека примена на овој механизам е можна и тој обезбедува заштита на билансот на плаќањата од несаканите капитални текови, од една страна,а,од друга страна,овозможува стабилна клима за извршување на меѓународните трансакции со стоки и услуги.