Прејди на содржината

Повелба 08

Од Википедија — слободната енциклопедија
Повелба 08
Упростено 零八宪章
Традиционално 零八憲章

Повелбата 08 — манифест првично потпишан од 303 кинески дисидентски интелектуалци и активисти за човекови права[1] и била објавена на 10 декември 2008 година, на 60-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, усвојувајќи го своето име и стил од антисоветската Повелба 77 издадена од дисидентите во Чехословачка.

Од нејзиното објавување, повеќе од 10.000 луѓе во и надвор од Кина ја потпишале повелбата, а по неуспешните реформски напори во 1989 и 1998 година од страна на кинеското демократско движење, Повелбата 08 била првиот предизвик за еднопартиското владеење што го прогласил крајот на еднопартиското владеење за своја цел, а била опишана како прва со унифицирана стратегија.[2]

Во 2009 година, еден од авторите на Повелбата 08, Лиу Сјаобо, бил осуден на 11 години затвор за „поттикнување субверзија на државната власт“ поради неговата вмешаност, а во 2010 година му била доделена Нобеловата награда за мир за 2010 година од страна на Норвешкиот Нобелов комитет, а во 2017 година, му била доделена условна слобода по медицински причини и починал кратко потоа од терминален рак на црниот дроб.

Многу од првичните потписници биле истакнати кинески граѓани во и надвор од владата, вклучувајќи адвокати, тибетски поет и есеист, Воезер и Бао Тонг, поранешен висок функционер на Кинеската комунистичка партија, кои сите се соочиле со ризик од апсење и затвор.[3]

Повелбата повикувала на 19 промени, вклучувајќи независен правен систем, слобода на здружување, елиминација на еднопартиското владеење и приватизација на сите претпријатија и земјоделско земјиште и во неа се вели:

„Сите видови социјални конфликти постојано се акумулираа, а чувствата на незадоволство постојано се зголемуваа“.

„Сегашниот систем стана заостанат до тој степен што промената не може да се избегне“.

Кина останува единствената голема светска сила што сè уште задржува авторитарен систем што толку многу ги крши човековите права, се наведува во неа.

„Оваа ситуација мора да се промени! Политичките демократски реформи не можат повеќе да се одложуваат!“[3]

Специфични барања се:

  1. Измена на Уставот.
  2. Поделба на властите.
  3. Законодавна демократија.
  4. Судска независност.
  5. Јавна контрола врз јавните службеници.
  6. Гаранција за човекови права.
  7. Избор на јавни функционери.
  8. Укинување на системот хукоу.
  9. Слобода на здружување.
  10. Слобода на собирање.
  11. Слобода на изразување.
  12. Слобода на религија.
  13. Граѓанско образование.
  14. Заштита на имотот.
  15. Финансиска и даночна реформа.
  16. Социјално осигурување.
  17. Заштита на животната средина.
  18. Федеративна република.
  19. Вистината во помирувањето.[4]

Во воведниот став од повелбата се вели:

„ Оваа година е 100-годишнината од Уставот на Кина, 60-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, 30-годишнината од раѓањето на Ѕидот на демократијата и 10-годишнината откако Кина го потпиша Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. По подолг период на катастрофи поврзани со човековите права и мачна борба и отпор, будените кинески граѓани сè повеќе и појасно признаваат дека слободата, еднаквоста и човековите права се универзални заеднички вредности што ги дели целото човештво и дека демократијата, републиката и конституционализмот ја сочинуваат основната структурна рамка на модерното управување. „Модернизацијата“ лишена од овие универзални вредности и оваа основна политичка рамка е катастрофален процес што ги лишува луѓето од нивните права, ја нагризува човечката природа и го уништува човечкото достоинство. Каде ќе се упати Кина во 21 век? Да продолжи со „модернизација“ под ваков вид авторитарно владеење? Или да ги признае универзалните вредности, да се асимилира во главната цивилизација и да изгради демократски политички систем? Ова е важна одлука што не може да се избегне.[5] “
Протести во Хонгконг против апсењето на Лиу Сјаобо

На 8 декември 2008 година, кинеската влада малку јавно кажала за Повелбата, на два дена пред 60-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, Лиу Сјаобо бил приведен од полицијата, неколку часа пред објавувањето на Повелбата онлајн. На 23 јуни 2009 година бил приведен, а подоцна и уапсен под обвинение за „сомневање за поттикнување на субверзија на државната власт“.

Неколку добитници на Нобелова награда напишале писмо до претседателот Ху Џинтао барајќи негово ослободување, а како одговор, кинеската влада ги потиснала и така најмалку 70 од нејзините 303 оригинални потписници биле повикани или испрашувани од полицијата, додека на домашните медиуми им било забрането да интервјуираат секој што го потпишал документот.

Воедно полицијата го претресла и испрашувала новинарот Ли Датонг и двајца адвокати, иако ниту еден не бил уапсен, а на државните медиуми им било забрането да известуваат за манифестот и веб-страницата за блогирање, bullog.cn, популарна кај активистите.

На 25 декември 2009 година, Лиу Сјаобо бил осуден на 11 години затвор за активности на „поттикнување субверзија на државната власт“ од страна на судот, а на 8 октомври 2010 година, тој ја добил Нобеловата награда за мир „за неговата долга и ненасилна борба за фундаментални човекови права во Кина“.[6]

Надвор од Кина

[уреди | уреди извор]

Голем број влади, вклучувајќи ги и оние на Соединетите Американски Држави[7] и Германија, а воедно и опозицијата во Тајван ја поздравиле Повелбата 08 и го осудиле малтретирањето на поддржувачите на истата, а западниот печат генерално позитивно ја покривал Повелбата додека меѓународните невладини организации ја поддржале нејзината порака.[8][9] Дејвид Стенвеј објавил во Гардијан дека таа „е прогласена за најзначајниот чин на јавно несогласување против Комунистичката партија на Кина откако протестите за демократија на плоштадот Тјенанмен беа брутално задушени во 1989 година“.[10] Други меѓународни личности, вклучувајќи го и Далај Лама, исто така ја изразиле својата поддршка и восхит кон Повелбата,[11] а исто така имало и протести во Хонгконг со барање за ослободување на Лиу Сјаобо и други потписници.

Организацијата што Лиу ја водел за спроведување на Повелбата 8, добила финансиска поддршка од Националната фондација за демократија на американската влада.[12]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Over 5000 people have signed the Charter 08 (《零八宪章》签名已超过5000人)“. Boxun. 17 December 2008. Архивирано од изворникот на 29 November 2009. Посетено на 15 December 2008.
  2. ↑ Fulda, Andreas (2019-09-17). „The Chinese Communist Party Wants It All“. Foreign Policy (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-09-18. Посетено на 2021-06-15.
  3. 1 2 Macartney, Jane (10 December 2008). „Leading Chinese dissident, Liu Xiaobo, arrested over freedom charter“. London: Times Online. Архивирано од изворникот на 4 June 2011. Посетено на 10 December 2008.
  4. ↑ Link, Perry. „Charter 08 Translated from Chinese by Perry Link The following text of Charter 08, signed by hundreds of Chinese intellectuals and translated and introduced by Perry Link, Professor of Chinese Literature at the University of California, Riverside“. The New York Review of Books. Архивирано од изворникот на 11 December 2008. Посетено на 10 December 2008.
  5. ↑ „Charter 08 (translated from the Chinese by Human Rights in China)“. Human Rights in China. Архивирано од изворникот на 2012-05-30. Посетено на 10 December 2008.
  6. ↑ „The Nobel Peace Prize 2010“. NobelPrize.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 2020-07-03.
  7. ↑ Sean McCormack, Sean McCormack (11 December 2008). „Harassment of Chinese Signatories to Charter 08 Press Statement Sean McCormack, Spokesman Washington, DC“. U.S. Department of State. Архивирано од изворникот на 5 February 2009. Посетено на 10 December 2008.
  8. ↑ „China: Retaliation for Signatories of Rights Charter Critic Liu Xiaobo Remains in Police Custody“. Human Rights Watch. 10 December 2008. Архивирано од изворникот на 11 December 2008. Посетено на 10 December 2008.
  9. ↑ „International PEN protests the detention of leading Chinese dissident writer Liu Xiaobo“. International Pen. 17 December 2008. Архивирано од изворникот на 26 January 2009. Посетено на 18 December 2008.
  10. ↑ Stanway, David (2009-01-03). „Beijing strikes at Charter 08 dissidents“. The Guardian (англиски). Посетено на 2021-06-16.
  11. ↑ „Statement From His Holiness the Dalai Lama“. the 14th Dalai Lama. 11 December 2008. Посетено на 2020-12-16.
  12. ↑ „Do supporters of Nobel winner Liu Xiaobo really know what he stands for? | Barry Sautman and Yan Hairong“. the Guardian (англиски). 2010-12-15. Посетено на 2021-01-14.