Прејди на содржината

Побарај ја Ванда Кос

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Побарај ја Ванда Кос“ (српскохрватски: Потражи Ванду Кос) – филм на режисерот Жика Митровиќ од 1957 година. Авторка на сценариото е Фрида Филиповиќ, а главните улоги ги играат: Олга Спиридоновиќ, Зоран Ристановиќ, Бранко Ѓорѓевиќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Олга Бојаниќ сака по секоја цена да ја открие вистината за смртта на својот брат, а за тоа е виновно девојчето Ивка која случајно го предала и која, поради чувството на вина, се обидува да изврши самоубиство. Олга се наоѓа во дилема, но сепак одлучува да ѝ помогне на Ивка и брза да ја спаси...