Плутена затка
Плутена затка или плутена тапа — затка плута за затворање шишиња.[1]
Плутата е природен, рециклирачки материјал и нејзината употреба за амбалажа придонесува за зачувување на животната средина. Се добива од сунѓерестата кора на плутар (латински: Quercus suber L), што расте во медитеранските земји (Шпанија, Португалија, Италија, Алжир, Мароко, Тунис[2]). Ова дрво, со своите посебни особеност, зафаќа 2.277.000 хектари ширум светот. Просечниот продуктивен век на дрвото е од 150 до 200 години, а кората се отстранува неколку пати во текот на неговиот живот, секогаш во интервали од 9-14 години.[3]
Плутените затки сочинуваат околу 60% од вкупното индустриско производство на плута, додека остатокот се користи за производство на топлински изолатори, во вагоните на метро, становите, па дури и ракетите на НАСА. Најголемите производители на плута во светот се Португалија, на прво место, а потоа следи Шпанија.[4][5]
Историја
[уреди | уреди извор]Плута се користи од пред 3000 година пр. н. е., во Египет, Вавилон и Персија. Во некои египетски саркофази биле пронајдени тегли со капаци од плута за чување храна. Во Италија, траги од плута биле пронајдени на разни предмети, како што се пловци, буриња, женски чевли и покриви од куќи.[6]
Познато е дека плутата и виното одамна се сретнуваат заедно. На територијата на Турција (Ефес) е пронајдена амфора од I век пр. н. е. запечатена со плутена тапа.[6] Испитувања на плутена затка пронајдена на морското дно, во близина на населбата Кап де Креус (каталонски: Cap de Creaus), од 1 век пр. н. е. покажале дека затката ги задржала своите основни компоненти и дека клеточната структура е недопрена.[6]
Во Франција, околу 1680 година, бенедиктинскиот монах Пјер Перињон (француски: Pierre Pérignon), кој бил задолжен за одржување на винарската визба на манастирот, за да го реши проблемот со големото количество јаглерод диоксид и пукањето на шишињата, почнал да користи подебели шишиња од Англија и плута за затворање на шишињата на неговиот прочуен шампањ „Дом Перињон“.[7] Неговото откритие претставува вистинска револуција во индустријата во тоа подрачје. Во подоцнежните години во Европа, истовремено со потрошувачката на шампањ од познати француски производители, како што се француски: Ruinart( 1729 ), француски: Möet et Chandon( 1743 ) за француски: Veuve Cliquot( 1783 ), исто така го зголемило производството на плутени тапи.[6]
На Пиринејскиот Полуостров, систематската експлоатација на плутано дрво за производство на плута започнала во 18 век. Во 1750 година била изградена првата фабрика на плутени затки во Жирона, од каде производството се проширило во други делови на Шпанија. На почетокот на 20 век започнало производство со горна површина направена од природна плута, а остатокот од телото од плута од агломерирана или техничка плута. Малку подоцна, биле заведени неколку патенти од плута во системите за пренос и во автомобилските гуми. Во Втората светска војна плута се користела во воената опрема, а од 1940-тите се произведувала плута во прав за транспорт на овошје.[6]
Со цел подобра контрола на квалитетот во производството на плутени тапи во 1996 година, повеќе земји усвоиле меѓународен документ.[6]
Особености
[уреди | уреди извор]Основните особености на плутените затки, што ги прават погодни за затворање тегли, и за затки од шишиња за вино, шампањ, масло и оцет, се[3]:
- мала тежина
- еластичност
- непропустливост
- голема способност за прилепување
- едноставни за ракување
- ниска содржина на вода
- топлинска изолација
Процес на производство
[уреди | уреди извор]Вадење на кората се врши од средината на мај до средината на август. За првото вадење дрвото треба да биде старо најмалку 25 години, кога достигнува дебелина од 0,7 и висина од 1,3 метри, но квалитетна плута може да се добие само при третото вадење, кога дрвот е старо помеѓу 40 и 50 години.[2][8]
Вадењето плута е процес кој денес го вршат професионалци, бидејќи е потребна голема вештина за да се добијат што поголеми плочи од плута и при сечењето да не се скрши исечената кора[8], а дрвото да остане неоштетено.[2] По завршувањето на работата, на местото на дрвото каде што е отстранета кората, се пишува годината на вадење. Откако ќе се отстрани плутата, таа мора да мирува околу шест месеци пред да може да се обработи.[8]
Производството на плутени затки е сложен процес што бара строга контрола во различни фази од неговото производство.[9] Се изведува во неколку фази[10]:
- готвење најмалку еден час за: да се исчистат, да се отстранат материјалите растворливи во вода, да се намали дебелината и да се зголеми густината, еластичноста и мекоста на плутата
- во текот на наредните неколку недели, плутата мора да мирува, за кората да се израмни и стврдне
- сечење на рабовите на плочите од плута и нивно класифицирање според квалитетот, а потоа остатокот се сече на парчиња, малку пошироки од саканата ширина на затката
- дупчење на плута со шуплива дупчалка со саканата ширина на плута, проследено со сушење, додека не се постигне соодветна влажност
- поправка на големините за да се постигне однапред одредена големина
- автоматска и рачна класификација на плута според квалитетот
- миење, бришење прашина и дезинфекција
- печатење текст или лого, според спецификацијата на клиентот, со мастило за печатење, греење или ласер. После тоа, површината на плута се премачкува со парафин или силикон, со цел да се подобри изолацијата и да се олесни вметнувањето или отстранувањето на плута од тесниот врат на шишето.
Агломерираната или техничката плута се состои од природна плута на врвот на плутата, додека остатокот од плута е направен од парчиња плута, кои остануваат по сечењето на природната плута. Првиот дел се добива со сечење на плута на дискови широки околу 6,5 милиметри. Агломерираниот дел се добива од гранули, мелени парчиња, обично со големина од 3-7 милиметри, кои се лепат еден до друг и се спојуваат во една целина.[10]
Видови плутени затки
[уреди | уреди извор]Покрај плутените затки од природна, постојат и различни видови техничка плута, со еден или повеќе природни дискови од плута на еден или двата краја на затката. Природната плутена затка може да се премачка со плута во прав за да се подобри изгледот и функционалноста. Исто така, целата плутена затка може да се направи само од техничка плута, со парчиња со големина од 0,25 до 8 милиметри. Покрај дисковите направени од природна плута, на краевите на техничката плута може да се постават и други материјали, како што се дрво,[11] гума [2], пластика, метал, стакло итн.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Иван Клајн; Милан Шипка (2008). Велики речник страних речи и израза (четврто. изд.). Нови Сад: Прометеј. стр. 593, 1498. ISBN 978-86-515-0311-8.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Estudio de las necesidasdes para la difersificacićon económica del corcho en los mercados“ (PDF). pefc.es (шпански). PEFC España. Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „¿Qué es el corhco?“. preservalobueno.com/ (шпански). KORK. Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Francesc Relea (26 април 2009). „El corcho. Cómo sacarlo a flote“. elpais.com (шпански). El País. Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Europa Press (7 март 2013). „El tapon de corcho factura en Espana 350 millones de euros en 2012“. lainformacion.com (шпански). Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)[мртва врска][мртва врска] - ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „História del corcho“. preservalobueno.com/ (шпански). KORK. Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Д. Д. (31 март 2009.). „Од винограда до звезда“. politika.rs. Политика. Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ 8,0 8,1 8,2 „El origen: la saca del corcho“. preservalobueno.com (шпански). CORK. Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Garantía de calidad“. preservalobueno.com. CORK. Посетено на 8 септември 2013.language=es. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 10,0 10,1 „El origen: la saca del corcho“. preservalobueno.com (шпански). CORK. Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 11,0 11,1 „Tapones de corcho“ (шпански). Посетено на 8 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)