Плоштад на украинските херои (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштад на украинските херои
Карта
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина

Плоштад на украинските херои (украински: Площа Українських Героїв) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Шевченко, поврзувајќи се со улиците Црвена армија, Лав Толстој и Александар Пушкин.

Плоштадот започнал да се гради во втората половина од 19 век. Во 1891 година, областа била наречена Караваевска според хирургот Владимир Караваев. Еден од првите објекти кои биле изградени овде била Караваевската бања. Овде се наоѓала и куќата на Лав Бендерски.

Во 1914 било планирано да биде изграден споменик на Тарас Шевченко, но ова не се остварило поради војната. Во 1938 улицата била преименувана според Лав толстој, а со тоа и плоштадот.