Прејди на содржината

Плоштад на Републиката (Љубљана)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштадот на Републиката гледан од патот кај зградата на Народното собрание на Словенија

Плоштад на Републиката (поранешен плоштад на револуцијата во периодот од 1974-1991 година) - најголемиот плоштад во Љубљана, лоциран западно од центарот на стариот град и источно од паркот Тиволи. Многу години бил јавен паркинг, но по завршувањето на реновирањето во 2014 година, плоштадот повторно бил поставен како главен градски и државен плоштад. Преку плоштадот Плечников и подвозник, плоштадот се поврзува со паркот Ѕвезда, конгресниот плоштад и средновековното јадро на градот.

Во јуни 2014 година, поради симболичното значење, бил прогласен за споменик на културата од национално значење.