Плоштад Слобода (Ереван)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Плоштад Република
Ազատության հրապարակ
Azatut'yan hraparak
Հանդիսատեսային շենք. Ալեքսանդր Սպենդիարյանի անվան օպերայի և բալետի ազգային ակադեմիական թատրոն.jpg
Поглед кон плоштадот Слобода
Местоположба на плоштадот
Поранешни називи:
  • Плоштад Опера
  • Плоштад Театар
Одржува:Општина Ереван
Место:Кентрон, Ереван, Ерменија
Коодринати:40°11′07″N 44°30′54″E / 40.18528° СГШ; 44.51500° ИГД / 40.18528; 44.51500Координати: 40°11′07″N 44°30′54″E / 40.18528° СГШ; 44.51500° ИГД / 40.18528; 44.51500

Плоштадот Слобода (ерменски: Ազատության հրապարակ, Azatut'yan hraparak), исто така познат и како плоштад Опера и плоштад Театар (Թատերական հրապարակ, Т'aterakan hraparak) до 1991 година, е градски плоштад кој се наоѓа во централниот дел на Ереван, Ерменија. Плоштадот е дел од комплексот на „Театар и опера“, кој се наоѓа на југ од главната  зграда на операта, меѓу паркот „Опера“ и Лебедовото Езеро. Заедно со плоштадот Република, плоштадот Слобода е еден од двата главни плоштади во централниот дел на Ереван. Се граничи со четири улици: Туманјан, Терјан, авенијата Сајат Нова и авенијата Маштотс. Статуите на писателот Ованес Туманјан и на композиторот Александар Спендиарјан се наоѓаат на овој плоштад.

Во политиката[уреди | уреди извор]

Поради традицијата на одржување демонстрации, овој плоштад често е опишуван како Плоштад на демократијата.[1]

На плоштадот може да се застанат околу 40.000,[2] 42.000—45.000[3] до 50.000 лица.[4]

1988: Движењето за Карабах[уреди | уреди извор]

Полукружниот плоштад е познат по својата истакната улога во современата историја Ерменија. Уште од основањето на движењето за Карабах во февруари 1988 година, плоштадот „Слобода“ бил центар на народни демонстрации. За да се смират демонстрациите, плоштадот бил неколкупати затворан во текот на 1988 година од страна на советската полиција и војска.[5][6][7]

Постизборни протести[уреди | уреди извор]

Откако Ерменија стекнала независност во 1991 година, плоштадот бил главна локација за собири против владата, посебно по претседателските избори во 1996, 2003, 2008 и 2013 година.

По претседателските избори во 2008 година, илјадници приврзаници на лидерот на опозицијата на ерменскиот прв претседател, Левон Тер-Петросјан, се собрале на плоштадот. Во раните утрински часови на 1 март 2008 година, овие мирни протести биле насилно угушени од страна на полицијата, и плоштадот бил затворен за цивили.[8] Дваесет дена потоа, плоштадот и натаму бил окупиран од страна на полицијата и војската со ццел да се спречат демонстрациите. Подоцна, плоштадот бил затворен за јавни собири цели три години, сè до 17 март 2011 година, кога Ерменскиот национален конгрес оджал голем собир.[9]

Подземен паркинг[уреди | уреди извор]

На 28 август 2008 година,[10] ерменската влада донела одлука да се започне со изградба на подземен паркинг под плоштадот, за да се ослободат околните улици каде паркираните автомобили го успоруваат и го комплицираат сообраќајот во тој дел од градот. Опозицијата тврдела дека оваа одлука имала за цел спречување за одржавање демонстрации на плоштадот, иако владата ги отфрлила ваквите обвинувања. Паркингот на три нивоа за 500 автомобили[11] бил отворен на 24 мај 2010 година во присуство на градоначалникот Гагик Белгарјан и претседателот Серж Саргсјан, а целиот проект чинел четири милијарди ерменски драми[12] или околу 10,5 милиони долари.[13][14]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Abrahamyan, Gayane. „Symbol of freedom or reminder of violence?: Opposition, city authorities continue battle over key Yerevan square“, 16. 9. 2010. „Плоштадот, кој е симбол на демократијата и победата, претворен во градилиште откако градот решил да гради огромен подземен паркинг.“
  2. Pennington, Joseph. „FEB 9 TER-PETROSSIAN RALLY THE BIGGEST SO FAR THIS SEASON; UNREALIZE HOPES FOR OPPOSITION ALLIANCE, BUT PROMINENT VETERANS' GROUP MEMBERS ANNOUNCE SUPPORT“. WikiLeaks. Embassy of the United States, Yerevan. Проценка дека плоштадот собира околу 40.000 луѓе. 
  3. Ինչքան մարդ է տեղավորում Ազատության հրապարակը [How many people does the Freedom Square hold]“, 20. 2. 2013. (на hy) „Մեծ խտության դեպքում` մինչեւ 42-45 հազար մարդ` միայն ասֆալտին:“
  4. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  5. Malkasian, Mark (1996). Gha-ra-bagh!: The Emergence of the National Democratic Movement in Armenia. Detroit: Wayne State Univ. Press. ISBN 9780814326046. „Residents awoke the next day [of 22 March 1988] to find Theater Square and the opera house ringed by fresh-faced soldiers..."“ 
  6. Troops Sent Back to Armenia Capital After Mass Rally“, 10. 7. 1988.
  7. Keller, Bill. „Armenia Opens To Show Capital Under Tight Lid“, 22. 12. 1988. „Плоштадот е окупиран од тенкови и војници, кои носат заштитни елеци.“
  8. Tavernise, Sabrina. „Emergency Order Empties Armenian Capital’s Streets“, 3. 3. 2008. „Во саботата попладне беше јасно дека мирните десетдневни протести се претвораат во немирни, откако полицијата ги претепа демонстрантите“
  9. Armenian Opposition Reoccupies Key Square As Protests Grow In Strength“, 18. 3. 2011 (посет. 27. 5. 2013 г).
  10. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  11. Открытие подземного паркинга у Оперного театраШаблон:Недоступная ссылка
  12. На площади Свободы в Ереване открылась подземная трехуровневая автостоянка
  13. New Underground Parking Structure Inaugurated in Armenian Capital“, „Asbarez“, 24. 5. 2010.
  14. The Underground Parking Lot of the Freedom Square opened with Participation of the Armenian President“, 24. 5. 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]