Плоштад Водник
Изглед

Плоштад Водник (словенечки: Vodnikov trg) — градски плоштад во Љубљана, главниот град на Словенија. Ја опфаќа областа од Змејскиот мост преку плоштадот Погачар до Тромостовје.
Името го носи по Валентин Водник, словенечки свештеник, новинар и поет од доцниот период на просветителството. На плоштадот има споменик со статуа во чест на Водник. Статуата е извајанан од Алојзиј Гангл и откриен во 1889 година. Од другата страна на улицата од споменикот се наоѓа патека која води до ридот на замокот.[1]
Во 1895 година, имало земјотрес кој уништил голем дел од стариот манастир во кој се наоѓал женскиот епархиски факултет и библиотека, манастирот морало целосно да се урне, а плоштадот станал пазар, сега наречен Љубљански централен пазар.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Slovenia.info“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2008-03-19.
- ↑ „Ljubljana.si“. Архивирано од изворникот на 2008-04-12. Посетено на 2008-03-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Плоштад Водник на Ризницата ?