Прејди на содржината

Плочка катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плочка катедрала
Bazylika katedralna Wniebowzięcia Najświętszej Maryi Panny
Религија
ПрипадностРимокатоличка црква
Статусактивна
Локација
ЛокацијаПлоцк, Полска
Карта

Плочка катедрала (полски: Bazylika katedralna Wniebowzięcia Najświętszej Maryi Panny)) — катедрала во градот Плоцк, Полска. Таа е посветена на Света Богородица на Мазовија и претставува еден од најзначајните примери на романиката во Европа.

Катедралата во Плоцк била основана во 1075 година.[1] Првите извори околу храмот датираат од 1102 година, односно од времето на Владислав I Херман, кој бил погребан во објектот. Во 1129 година таа била реконструирана во времето на Болеслав III и бископот Александар.[1] Во периодот од 1136 до 1144 година била обновувана од пожарот којшто го зафатил градот. Во 1144 година била осветена и посветена на Света Богородица.[1] Христијанскиот храм бил реновиран и во 1531-1535 година по пожарот од 1530 година.[1] Изгледот на новиот храм бил земен од црквата Свети Агостино и црквата Санта Марија дел Пополо во Рим. За последен пат, зградата била обновена во 1903 година.[1]

  1. 1 2 3 4 5 (полски) „Rys historyczny“. www.diecezja.plock.pl. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 2009-12-08.

52°32′28″N 19°41′23″E / 52.5410813°N 19.6898128°E / 52.5410813; 19.6898128