Прејди на содржината

Пловка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Морски лав почива на пловката со број 14 во заливот Сан Диего

Пловка или пливка е пловечки знак што треба да го привлече вниманието на морнарите на препрека или опасност во водата, која не може лесно да се забележи.

На дното се прицврстени, а се користат за да ги предупредат бродовите каде водат добрите водни патишта. Под површината на водата може да има многу пречки кои би можеле да оштетат брод или друг брод, а за да се спречи тоа се користат пловки. Постојат безброј видови на пловки, како што се оние што светат ноќе и оние што испуштаат звуци што треба да се слушнат во случај на магла. Ваквите пловки морнарите ги нарекуваат „крави“, бидејќи длабокиот, монотон звук што го испуштаат потсетува на мукање.[1]

  1. ДЕЧЈЕ СВЕЗНАЊЕ, ВЕЛИКА ИЛУСТРОВАНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЗА ДЕЦУ, књига друга: РЕЦИ, ШТА ЈЕ..., БИГЗ, Београд 1979, стр. 178