Прејди на содржината

Плима и осека (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Medcezir
Плима и осека
Напишана одЕџе Јоренч
Режирана одАли Билгин
УлогиЧаѓатај Улусој
Серенај Сарикаја
Бариш Фалај
Мине Тугај
Хазар Ергучлу
Танер Олмез
Шебнем Донмез
Мурат Ајген
Џан Гурзап
Композитор(и)Тојгар Ишикли
Земја на потеклоТурција
Првичен јазикТурски
Бр. на сезони2+
Бр. на епизоди38+
Производство
ПродуцентКерем Чатај
Место на снимањеИстанбул
ВреметраењеТурција Турција
90-120 мин.
Продукциска куќаАј Јапим
Прикажување
Првична мрежаТурција Турција
Star TV
Првично прикажувањеТурција Турција
13 септември 2013 –
Надворешни врски
medcezir.tv

Плима и осека (турски: Medcezir) е турска телевизиска серија која започна со емитување на 13 Септември 2013 година на турскиот канал Star TV. Плима и осека е римејк на американската серија Округот Оринџ (англиски: The O.C.).

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Јаман е младо момче кое живее во сиромашна населба во Истанбул со неговата мајка, неговиот брат и неговиот очув. Една вечер, тој се наоѓа на погрешно место, во погрешно време. Неговиот проблематичен постар брат предизвикува проблем, но овој пат тој го вовлекува и Јаман во голема невоља. Додека се обидуваат да украдат автомобил, тие се уапсени од страна на полицијата. Во судот, Јаман и неговиот брат ги брани успешниот адвокат Селим. Селим веднаш го сфаќа потенцијалот на Јаман и силно верува дека ова младо момче може да стане успешен ако му се даде шанса. Поради оваа причина, Селим на најдобар начин се обидува да го спаси Јаман и неговиот брат. Тинејџерот Јаман кој за првпат е вклучен во кривично дело е ослободен со судска одлука. Меѓутоа неговиот брат е осуден на една година затвор. По овој настан, Јаман се наоѓа на работ на нов живот. Кога ја напушта куќата на својот очув, тој нема каде да оди. Тогаш, Селим му подава рака на Јаман бидејќи ја гледа својата младост во тоа сиромашно момче. Селим му дава соба на Јаман во својот дом и сака да го вработи како градинар. Сега Јаман започнува да живее во богата населба и се обидува да се држи настрана од проблеми. Во потрага по мир, сигурност и среќа во куќата на Селим, Јаман се исполнува со една чиста љубов. На прв поглед, тој е привлечен кон младата и убава девојка Мира која живее веднаш до куќата на Селим. Како што поминува времето, Јаман и Мира целосно се вљубуваат еден во друг.

Распоред на емитување

[уреди | уреди извор]

Во Турција

[уреди | уреди извор]
СезонаТерминПочеток на сезонатаКрај на сезонатаБрој на епизодиОпсег на епизодиТВ сезонаТВ канал
1.Петок 20.0013 Септември, 201313 Јуни, 2014381 - 382013-2014Star TV
2.Петок 20.3012 Септември, 2014Јуни, 2015-39 -2014-2015Star TV
ГлумецУлогаСезона
Чаѓатај Улусој Јаман Копер 1–
Серенај Сарикаја Мира Бејлице 1–
Бариш ФалајСелим Серез1–
Мине ТугајЕндер Серез1
Хазар ЕргучлуЕјлул Булутер1–
Танер ОлмезМерт Серез1–
Шебнем ДонмезСуде Бејлице1–
Мурат АјгенФарук Бејлице1–
Џан ГурзапАсим Шекип Каја1–

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]