Плева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изглед на двополно соцветие (класје) на 'рж: 1 – плева (Glumae), 2 – Spiculae, 3 – осилки (Arista), 4 – Palea, 6 – прашници (Antherae)

Плева (латински: gluma) — во основа е ботанички поим и се однесува на лушпестиот дел од класјето на житарки, надворешната обвивка на семето што се образува веќе за време на цветањето. Трици е изразот што ги означува овие лушпи од семе во исхраната.

Во земјоделието под плева се подразбираат сламчињата и лушпите што остануваат по вршењето на жито, а се отстрануваат со веење.[1][2]

Плева како ботанички поим[уреди | уреди извор]

Поимот се користи за мембранозната обвивка на соцветието - првенствено на растенијата од семејството на треви (Poaceae) - што се обраува во пазувите на класјето. Во повеќето случаи, во основата на класјето се наоѓаат две лушпички плева, само ретко друг број, а уште поретко плевата ја нема. Обликот, бојата и другите особини на плевата се меѓу најважните одлики при определувањето на видот на растението.

Лушпичките плева се наоѓаат попречно, на двете спротивни страни, иако поради нивната близина една до друга, на прв поглед изгледаат како да се сраснати. Во ботаниката се нарекуваат долна и горна плева, а нивниот изглед и големина е важна одлика за разликување на видовите. Горната (Gluma superior) и долната плева (Gluma inferior) се главно исти или малку до значително различни. Понекогаш имаат една или повеќе бразди на нив. На пример, ако плевата е со иста должина, но горната плева има различен број на бразди во однос на долната, ова може да биде клучна одлика за определување на видот.

Плева во исхраната[уреди | уреди извор]

При преработка на житарки во производството на храна, плевата се смета за непожелна состојка, па затоа се фрла и се користи само за добиточна храна. Делумно од ова произлегува фразата во секојдневниот говор „да се одвои зрното од плевата“, т.е. да го разделиме доброто од лошото. Но, ова е неправилна процедура, бидејќи плевата содржи важни минерали и го помага варењето, а денес сè повеќе се користат производи од цело зрно пченица - леб од брашно измешано со плева (леб со трици и интегрален леб).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Татиќ, Б. & Петковиќ, Б. во 1991 година Морфологија на растенијата. Научна книга. Бел град.