Платереск стил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фасадата на Универзитетот во Саламанка
Болницата на католичките монарси, во Сантијаго де Компостела

Платереск, (плата значи сребрo на шпански јазик ), претставува уметничко движење, поточно архитектонски стил , развиен во Шпанија и нејзините територии, кое се појавило во периодот помеѓу доцната готика и раната ренесанса кон крајот на XV век и се проширил во следните два века. Овој стил е модификација на готските просторни начела и е еклектична мешавина од стилови како Мудехар, заедно со примеси на ломбардиски декоративни компоненти и ренесансни елементи од тосканско потекло.[1]

Примери за овој синкретизам се додавањето на штитови и шилести врвови на фасадите, столбови во ренесансно неокласичен стил и фасади поделени на три дела (во ренесансната архитектура се поделени на два). Својот врв овој стил го достигнал за време на владеењето на Карло V, Светиот римски император,[2] и тоа особено во Саламанка, но исто така процветал и во други такви градови на Пиринејскиот полуостров како Леон и Бургос и на територијата на Нова Шпанија, денешно Мексико .[1]

Многу научници до скоро го сметале платерескот како вид на ренесансен стил. За некои други, тој преставувал стил сам по себе, а понекогаш бил карактеризиран и како Проторенесанса .[3][4] Некои пак го нарекувале Првата ренесанса и одбивале да го сметаат за стил сам по себе, притоа разликувајќи го од не-шпанските а ренесансни дела.[5]

Стилот се карактеризира со декоративни фасади најчесто со цветни дизајни, лустери, фестони, фантастични суштества и слични конфигурации.[2] Просторната конфигурација од друга страна пак, е јасно инспирирана од готиката. Ваквото фокусирање на специфични делови и нивното меѓусебно растојание, без структурални промени на познатата готската шема, предизвикало овој стил да биде нарекуван еден вид варијација на ренесансниот стил.[6] Во Нова Шпанија, Платерескот се здобил со сопствена конфигурација, врзувајќи се за своето потекло од стилот Мудехар и мешајќи се со традициите на домородните американци кои живееле таму .

Во Шпанија, неговиот развој е најзабележителен во градот Саламанка, иако постојат примери во повеќе градови од различни региони на земјата.

Во 19 век со подемот на историцизмот, архитектонскиот стил Платереск бил оживеан повторно под името Монтереј Стил .[7]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Терминот Платереск потекнува од златарскиот или кујунџискиот занает. Диего Ортиз де Зига го употребил за прв пат, применувајќи го во Кралската капела на катедралата во Севилја во 17 век.[1][2]

Проблеми со географската област на потекло и признавањето како засебен стил[уреди | уреди извор]

Платреск стил на олтар во манастирот Санта Марија дел Салвадор,во Кањас ( Ла Риоха )
Гробницата на Сан Хуан де Ортега во црквата Санта Доротеја, Бургос

Традиционално Платереск стилот се сметал за исклучиво „шпански“ стил, термин кој се однесувал на архитектурата на сите територии кои биле под окупација на шпанската круна помеѓу 15тиот и XVII век. Така било се до средината на 20 век кога оваа географска конотација била доведена под прашање со аргументите на неколку автори, особено на Камон Азнар (1945) и Розентал (1958), кои го дефинирале Платерескот како унитарен спој на елементи, и тоа - готски, муслимански и ренесансни. Азнар не го сметал за ренесансен стил, а Розентал пак го нагласувал неговото постоење во одредени градби во други европски земји, главно во Франција и Португалија.[3][5][8]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Шпански платереск[уреди | уреди извор]

Типичните декоративни фасади во овој стил, како и уметничките дела зад олтарите, биле изработени толку внимателно па наликувале на дела изработени од златари. Декорацијата, црпела инспирации од секаде но во главно преовладувале мотивите на растенија, како и изобилство на медалјони и животински фигури.

Зголемувањето на декоративноста на сите архитектонски површини довела до создавање на нови подпростори, кои пак биле украсени во уште поголема мера, како што се нишите и едикулите .[9]

Италијанските елементи исто така се развивале постепено како украс: рустификациите, класичните капители, римските и особено гротескните лакови.[10]

Американски платереск[уреди | уреди извор]

Манастирот Сан Матео Апостол и Евангелиста (1535-1567) [11] во Атлатлахукан, Мексико, е готска платереск црква која е дел од светското наследство на УНЕСКО [12]

Во Америка, особено на територијата на денешно Мексико, разни домородни култури биле во одредени фази на развој кои можело да се сметаат за барокни, во времето кога Шпанците со себе го донеле Платереск стилот. Овој европски феномен бил симбиотички измешан со локалните традиции, така што чистата готска архитектура никогаш не била изградена во Америка, туку Платереск стилот во симбиоза со тамошните традиции набрзо се развил во она што денес се нарекува американски барок.

Историја[уреди | уреди извор]

Стилот Платереск ја следел линијата на тн. Изабелински готски стил, каде декоративните италијански елементи се комбинираат со ибериските традиционални елементи за да формираат комплексни украсни структури кои ги надминуваат оние готските. Овој стил ги задржал готските форми како основа се до 1530тата година. По таа година, иако тој продолжил да се користи, а орнаментите од Платерескот сè уште се развивале, тој станал дел од архитектурата што започнала да вклучува идеи ренесансни идеи. Во 1563 година, со почетокот на изградбата на манастирот Сан Лоренцо де Ел Ескориал, ренесансната архитектура била прочистена преку интервенциите на Хуан де Херера, со што завршил раскошот и ширењето на Платереск стилот на Пиринејскиот полуостров.[3] Но, во Мексико тоа не било заборавено, па довело до тн. неоплатереск стил во XVIII век.

Примери[уреди | уреди извор]

Платерескни архитекти и уметници[уреди | уреди извор]

  • Од првиот платереск
    • Диего де Алказар [13]
    • Алонсо де Коварубиас [14]
    • Мартин де Гаинза
    • Родриго Гил де Хонтањон
    • Gilил де Силое [15]
    • Андрес де Ванделвира
    • Диего де Риано [16]
    • Диего Силое [17]
    • Васко де ла Зарза [18]
  • Од нео-платерескот
    • Едуардо Адаро Магро [19]
    • Хозе Лопез Салабери [20]

Платерескни згради, архитектонски елементи и други дела[уреди | уреди извор]

Конвенто де Сан Естебан во Саламанка
  • Фасадата на манастирот Сан Маркос (Леон).
  • Кулата на Гуадрамиро (Саламанка).
  • Замокот Ел на Кале Македа.
  • Ла фасада на Универзитетот во Саламанка .
  • Болницата на католичките монарси во Сантијаго де Компостела.
  • Фасадата на Новата катедрала во Саламанка .
  • Фасадата на манастирот Сан Естебан од Саламанка.
  • Манастирот на манастирот Лас Дуењас од Саламанка.
  • Фасадата на црквата Санти Спиритус од Саламанка.
  • Палатата во Монтереј во Саламанка.
  • Фасадата на Колегио градоначалникот де Сан Илдефонсо, на Универзитетот во Алкала де Хенарес
  • Каза де лас Конча од Саламанка.
  • Манастирот Сан Маркос од Леон.
  • Градскиот совет на Севилја .
  • Фасадата на прочка и балконот на моштите на катедралата во Корија.
  • Портата ла Пелехерија на катедралата Бургос .
  • Болницата Дел Реј од Бургос.
  • Предкриптот и ретрокурот на катедралата во Паленсија .
  • Универзитетот во Оњати .
  • Порта Маиор од Вивеиро .
  • Фасадата на црквата Санто Томас во Харо.
  • Амвонот на црквата Сан Андрес Апостол од Вилануева де лос Инфантис.
  • Главниот влез на катедралата Санта Марија ла Менор во Санто Доминго, Доминиканска Република .
  • Куќата на сонцето на замокот Херст во Сан Симеон, Калифорнија, САД
  • Административната зграда на Техничкиот универзитет во Тексас, која била директно инспирирана од Универзитетот во Алкала .
  • Палатата Веларде во Сантилана дел Мар .
  • Росари катедрала во Толедо, Охајо.
  • Манастирот на Реал Монастерио Де Сан Зоило, Карион де лос Кондес, Паленсија

Исто така види[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Bozal, Valeriano; Art history in Spain: From the origins to the Enlightenment, pp. 157, 165. Ed Akal (1978). ISBN 978-84-7090-025-9.
  2. 2,0 2,1 2,2 Arellano, Fernando; The Hispanic American Art, pp. 13–14. Ed. Universidad Católica Andrés (1988). ISBN 978-980-244-017-7.
  3. 3,0 3,1 3,2 Arias de Cossío, Ana María; The Art of the Spanish Renaissance, pp. 90–91. Ed. Encuentro (2009). ISBN 978-84-7490-909-8.
  4. Marías, Fernando; The 16th century: Gothic and Renaissance, p. 24. Ed. Silex Ediciones (2002). ISBN 978-84-7737-037-6.
  5. 5,0 5,1 Alonso Ruiz, Begoña; Late Gothic architecture in Castile: los Rasines, p. 23. Ed. University of Cantabria (2003). ISBN 978-84-8102-304-6.
  6. Bendala Galán, Manuel; Manual of the Spanish art, p. 416. Ed. Silex Ediciones (2003). ISBN 978-84-7737-099-4.
  7. Bendala 2003, p. 739
  8. Nieto Alcaide, Víctor Manuel; Morales, Alfredo José; Checa Cremades, Fernando; Renaissance architecture in Spain, 1488–1599, p. 60. Ed. Cátedra (1989). ISBN 978-84-376-0830-3.
  9. Ávila, Ana; Images and symbols in the Spanish painted architecture (1470–1560), pp 80–83. Ed. Anthropos (1993). ISBN 978-84-7658-417-0.
  10. Amorós, Andrés, y Camarero, Manuel; Annotated Anthology of the Spanish literature: history and texts: 16th century, p. 183. Ed. Castalia (2006). ISBN 978-84-9740-125-8.
  11. „Ex Convento Agustino“. rosademaria.wordpress.com.
  12. „Earliest 16th-Century Monasteries on the Slopes of Popocatepetl“. World Heritage Centre website.
  13. Fernando Chueca Goitia; Ars Hispaniae: Architecture of the 16th century. Ed. Plus-Ultra (1953).
  14. Camón Aznar, José; La arquitectura plateresca. Ed. Instituto Diego Velázquez (1945).
  15. Soldevila, Ferrán; History of Spain, vol. 3. Ed. Ariel (1999).
  16. Aguado Bleye, Pedro, y Alcázar Molina, Cayetano; Manual of History of Spain: Christian Monarchs. House of Habsburg (1474–1700), p. 1064. Ed. Espasa-Calpe (1963).
  17. Bassegoda Nonell, Juan; History of the architecture, p. 224
  18. Rivas Carmona, Jesús; The retrochoir of spanish cathedrals: a study of an architectural typology, p. 93. Ed. Editum (1994). ISBN 978-84-7684-572-1.
  19. Bozal, Valeriano; History of the Art in Spain. From Goya to the present day, p. 67. Ed. Akal (1991). ISBN 978-84-7090-027-3.
  20. Bueno Fidel, María José; Architecture and nationalism: Spanish pabillions in the 19th century universal expositions, cap. 6. Ed. University of Málaga and Colegio de Arquitectos (1987).