Платеници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Платеници“
Expendablesposter.jpg
Рекламен постер
РежисерСилвестер Сталоне
ПродуцентАви Лернер
Кевин Kинг Tемплтон
Џон Томпсон
Роберт Ерл
НастапуваатСилвестер Сталоне
Џејсон Стејтам
Џет Ли
Долф Лундгрен
Мики Рорк
Тери Круз
Ренди Котур
Ерик Робертс
Стив Остин
Гери Денијелс
Брус Вилис
Арнолд Шварценегер
МузикаБрајан Тајлер
КинематографијаЏефри Кимбал
МонтажаКен Блеквел
Пол Херб
СтудиоNew Image
ДистрибутерLionsgate
Премиера13 август 2010
Времетраење103 минути
ДржаваСАД
Јазиканглиски
Буџет$80,000,000
Бруто заработка$274,470,394

Платеници (англиски: The Expendables) е американски акционен филм од 2010 година за кој сценариото е напишано од страна на Дејвид Kалахам и Силвестер Сталоне кој воедно е и режисер на филмот.

Се работи за група платеници кои одат да ја урнат власта на војниот диктатор во мала јужноамериканска држава. Филмот претставува посвета на акционите филмови од 80-тите и 90-тите години на 20 век, а во него своја улога играат многу акциони филмски ветерани од тоа време - Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Долф Лундгрен, Мики Рорк, Џет Ли и Ерик Робертс, како и новите акциони ѕвезди Џејсон Стејтам, Тери Круз, Стив Остин и Гери Денијелс. Во филмот своја улога има и Ренди Котур.

Содржина[уреди | уреди извор]

Група елитни платеници предводена од Барни Рос (Силвестер Сталоне) е пратена во Аденскиот заив во близина на брегот на Сомалија за да ги спречи локалните пирати да убијат група заложници. По успешно завршената мисија, таинствениот господин Чурч (Брус Вилис), им нуди да одат на неименуван јужноамерикански остров Вилена и да да ја урнат власта на локалниот диктатор генералот Гарз (Дејвид Зајас).

Елитниот тим на Рос, составен од платени убијци Ли Крисмас (Џејсон Стејтам), поранешен припадник на Специјалните воздухопловни сили кој совршено работи за ладно оружје; Јин Јанг (Џет Ли), мајстор за блиска борба; Аве Цезаре (Тери Круз) кој се познава со барни десет години и е специјалнист за оружје; Тол Роуд (Ренди Котур), вешт во разрушување и се смета за мозок на групата и Гунар Јeнсен (Долф Лундгрен), борбен ветеран и професионалец за снајпери, а воедно се бори и против своите демони.

На испитувачката задача во Вилена, Барни и Крисмас се состануваат и остваруваат контакт со личноста Сандра (Жизел Итије), припадничка на локалниот покренат отпор. Исто така го запознаваат и поранешниот агент на ЦИА и оперативец Џејмс Морно (Ерик Робертс) и неговиот платеник Пејн (Стив Остин) кои ги здружиле своите сили со диктаторскиот режим на генералот Гарз. Кога работите ќе тргнат по зло, Барни и Крисмас ќе мораат да ја остават Сандра, така осудувајќи ја на мачење. Опседнат со тој неуспех, Барни го уверува тимот да се вратат назад во Вилена, да ја спасат заробената Сандра и да ја довршат започнатата мисија. А можеби и да го спасат сопствениот живот.


Улоги[уреди | уреди извор]

Улога Актер
Барни Рос Силвестер Сталоне
Ли Крисмас Џејсон Стејтам
Јин Јанг Џет Ли
Гунар Јeнсен Долф Лундгрен
Аве Цезаре Тери Круз
Тол Роуд Ренди Котур
Џејмс Монро Ерик Робертс
Ден Пејн Стив Остин
Тул Мики Рорк
Британец Гери Денијелс
Генерал Гарзa Дејвид Зајас
Сандра Жизел Итије
Лејси Каризма Карпентер
Господин Чурч Брус Вилис
Трент Маузер Арнолд Шварценегер
Предводник на пиратите Амин Џозеф
Високиот пират Сенио Амоаку
Шајен Лорен Џоунс

Извори[уреди | уреди извор]

http://www.imdb.com/title/tt1320253/