Бодовен пласман на Џиро д’Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пласман Аѕури д’Италија)
Бодовен пласман на Џиро д’Италиjа
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеЏиро д’Италија
Доделена заНајпостојан победник
Локално имеMaglia ciclamino (италијански)
Историја
Прва награда1966
Изданија57 (до 2022)
Прв победник Џани Мота (ИТА)
Најмногу победи Франческо Мозер (ИТА)
 Џузепе Сарони (ИТА)
4 пати
Најнов победник Арно Демар (ФРА)


Бодовниот пласман на Џиро д’Италија — еден од второстепените пласмани на Џиро д’Италија. Се одредува од пласманите на самите етапи, независно од временските разлики. Од 1967 до 1969, водачот носел црвена маичка, но во 1970 била променета во лилава maglia ciclamino (од италијанска: лилава маичка), именувана по бојата на алпското цвеќе циклама. Црвената маичка била повторно воведена во 2010 година. Сега била наречена maglia rosso passione.[1] Меѓутоа, во април 2017 година, RCS Sport, организаторите на Џиро, објавиле дека maglia ciclamino се враќа на Џиро д’Италија 2017.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Системот за рангирање на бодовите бил воведен во 1966, кога немало соодветна маичка, додека на наредните две изданија, црвената маичка била доделувана на водачот во пласманот. Од 1969 до 2009, маичката била лилава, но често нарекувана циклама.

Бодовите им биле доделувани на возачи, кои завршувале први на етапата, независно од временските разлики. Исто така, бодови се освојувале и на средните спринтови на самите етапи. Постоел и пласман за бодовите од средните спринтови, со најразлични имиња низ годините, (Интерџиро, Експо Милано 2015, Трагвардо Воланте) и се практикувало на водачот да му се доделува сината маичка.

Помеѓу победниците на бодовниот пласман се и Марио Чиполини (трипати), Алесандро Петаки и идниот светски првак во 2006, Паоло Бетини.

На другите големи трки, како Тур де Франс и Вуелта а Еспања, исто така постојат бодовни пласмани; бодовниот пласман на Тур де Франс се означува со зелена маичка на водачот, додека бодовниот пласман на Вуелта а Еспања со сина маичка.

Моментални правила[уреди | уреди извор]

До 2009, победникот на некоја етапа добивал 25 бода, независно од видот на етапата (за разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, каде за освојување на планинска етапа се добива помалку бода од рамна етапа). Следниот велосипедист добива 20 бода, следните 16,14, 12, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, сè до петнаесеттиот велосипедист, кој добива еден бод.

Секоја етапа (осве хронометрите) исто така има среден спринт. Првиот, кој ќе го помине добива 8 бода, следните 4, 3, 2, сè до шестиот велосипедист, кој добива еден бод.

Ако два или повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, рангирањето се одредува по бројот на етапни победи, па бројот на победи на средните спринтови, па најмалата временска разлика во генералниот пласман.[3]

Победници[уреди | уреди извор]

  • задебелено означува возач, кој го освоил и генералниот пласман
  • косо означува возач, кој го освоил и планинскиот пласман
  • косо и задебелено означува возач, кој го освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман.
Година Земја Возач Екипа
1966  Италија Мота, ЏаниЏани Мота Молтени
1967  Италија Зандегу, ДиноДино Зандегу Салварани
1968  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема
1969  Италија Битоси, ФранкоФранко Битоси Филотекс
1970  Италија Битоси, ФранкоФранко Битоси Филотекс
1971  Италија Басо, МариноМарино Басо Молтени
1972  Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Дреер
1973  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1974  Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Бруклин
1975  Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Бруклин
1976  Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер Сансон
1977  Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер Сансон
1978  Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер Сансон
1979  Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони Скик
1980  Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони Гис Гелати
1981  Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони Гис Гелати
1982  Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер Фамкучине
1983  Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони Дел Тонго
1984  Швајцарија Фројлер, УрсУрс Фројлер Атала
1985  Холандија ван дер Велде, ЈоханЈохан ван дер Велде Вини Рикорди
1986  Италија Бонтемпи, ГвидоГвидо Бонтемпи Карера-Инокспран
1987  Холандија ван дер Велде, ЈоханЈохан ван дер Велде Гис Гелати
1988  Холандија ван дер Велде, ЈоханЈохан ван дер Велде Гис Гелати
1989  Италија Фиданца, ЏованиЏовани Фиданца Шато д’О
1990  Италија Буњон, ЏаниЏани Буњон Шато д’О-Салоти
1991  Италија Кјапучи, КлаудиоКлаудио Кјапучи Карера Џинс-Тасони
1992  Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини GB-MG Maglificio
1993  Италија Бафи, АдријаноАдријано Бафи Меркатоне Уно-Зукини-Медењини
1994  Узбекистан Абдужапаров, ДжамолидинДжамолидин Абдужапаров Тим Полти-Вапорето
1995  Швајцарија Ромингер, ТониТони Ромингер Мапеи-ГБ-Латексо
1996  Италија Гвиди, ФабрициоФабрицио Гвиди Скрињо-Блу Сторм
1997  Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини Саеко
1998  Италија Пиколи, МаријаноМаријано Пиколи Brescialat-Liquigas
1999  Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
2000  Русија Конишев, ДимитриДимитри Конишев Фаса Бортоло
2001  Италија Страцер, МасимоМасимо Страцер Мобилвета Дизајн
2002  Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини Аква е Сапони-Кантина Толо
2003  Италија Симони, ЏилбертоЏилберто Симони Саеко Машине пер Кафе
2004  Италија Петаки, АлесандроАлесандро Петаки Фаса Бортоло
2005  Италија Бетини, ПаолоПаоло Бетини Квик Степ-Инерџетик
2006  Италија Бетини, ПаолоПаоло Бетини Квик Степ-Инерџетик
2007 Никој1
2008  Италија Бенати, ДаниелеДаниеле Бенати Ликвигас
2009  Русија Мењшов, ДенисДенис Мењшов2 Рабобанк
2010  Австралија Еванс, КеделКедел Еванс Верандас Вилемс
2011  Италија Скарпони, МикелеМикеле Скарпони3 Лампре-ИСД
2012  Шпанија Родригес, ХоакимХоаким Родригес Катјуша
2013  Обединето Кралство Кевендиш, МаркМарк Кевендиш Омега Парма-Квик Степ
2014  Франција Буани, НасерНасер Буани FDJ.fr
2015  Италија Ницоло, ЏакомоЏакомо Ницоло Трек Фактори Рејсинг
2016  Италија Ницоло, ЏакомоЏакомо Ницоло Трек-Сегафредо
2017  Колумбија Гавирија, ФернандоФернандо Гавирија Квик-Степ Флорс
2018  Италија Вивијани, ЕлијаЕлија Вивијани Квик-Степ Флорс
2019  Германија Акерман, ПаскалПаскал Акерман Бора-Хансгрое
2020  Франција Демар, АрноАрно Демар Групама-ФДЖ
2021  Словачка Саган, ПетерПетер Саган Бора-Хансгрое
2022  Словачка Демар, АрноАрно Демар Групама-ФДЖ

[4]

Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]

До 2021 година, девет велосипедисти го освоиле бодовниот пласман на Џиро д’Италија повеќе од еднаш.

Повеќекратни победници на бодовниот пласман на Џиро д’Италија
Велосипедист Вкупно Години
 Мозер, ФранческоФранческо Мозер (ИТА) 4 1976, 1977, 1978, 1982
 Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони (ИТА) 4 1979, 1980, 1981, 1983
 Чиполини, МариоМарио Чиполини (ИТА) 3 1992, 1997, 2002
 де Влеминк, РожеРоже де Влеминк (БЕЛ) 3 1972, 1974, 1975
 ван дер Велде, ЈоханЈохан ван дер Велде (ХОЛ) 3 1985, 1987, 1988
 Бетини, ПаолоПаоло Бетини (ИТА) 2 2005, 2006
 Битоси, ФранкоФранко Битоси (ИТА) 2 1969, 1970
 Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) 2 1968, 1973
 Ницоло, ЏакомоЏакомо Ницоло (ITA) 2 2015, 2016
 Демар, АрноАрно Демар (ФРА) 2 2020, 2022

По националност[уреди | уреди извор]

Возачи од тринаесет различни држави го имаат освоено бодовниот пласман на Џиро д’Италија.

Победници на бодовниот пласман на Џиро д’Италија по националност
Држава Бр. на велосипедисти Бр. на победи
 Италија 23 33
 Белгија 2 5
 Холандија 1 3
 Франција 3 4
 Русија 2 2
 Швајцарија 2 2
Австралија Австралија 1 1
 Обединето Кралство 1 1
 Германија 1 1
 Колумбија 1 1
 Словачка 1 1
 Узбекистан 1 1
 Шпанија 1 1

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Првичниот победник бил Алесандро Петаки, кој бил казнет со бришење на неговите резултати на Џиро 2007, откако имал позитивен тест за нивото на салбутамол.
  2. Награден по дисквалификување (поради допинг) на првичниот победник Данило ди Лука.
  3. Награден по дисквалификување на првичниот победник Алберто Контадор.

Пласман Аѕури д’Италија[уреди | уреди извор]

Пласманот Аѕури д’Италија (италијански: Azzurri d'Italia) е награда на Џиро д’Италија, каде бодовите се доделуваат на првите три етапни победници (4, 2 и 1 бод). Слично е на стандардниот бодовен пласман, каде водачот и крајниот победник се наградени со црвена маичка, но за овој пласман не се доделува ниедна маичка, туку само парична награда за севкупниот победник. На Џиро д’Италија 2007, победникот на Аѕури д’Италија освои 5.000 евра.[5]

Победници[уреди | уреди извор]

Година Земја Возач Екипа
2001  Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини Саеко Машине пер Кафе
2002  Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини Аква е Сапони-Кантина Толо
2003  Италија Симони, ЏилбертоЏилберто Симони Саеко Машине пер Кафе
2004  Италија Петаки, АлесандроАлесандро Петаки Фаса Бортоло
2005  Италија Петаки, АлесандроАлесандро Петаки Фаса Бортоло
2006  Италија Басо, ИванИван Басо Тим ЦСЦ
2007 Никој1
2008  Италија Бенати, ДаниелеДаниеле Бенати Ликвигас
2009  Италија Гарцели, СтефаноСтефано Гарцели Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо
2010  Италија Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали Ликвигас-Доимо
2011  Венецуела Рухано, ХосеХосе Рухано2 Андрони Џокатоли
2012  Обединето Кралство Кевендиш, МаркМарк Кевендиш Тим Скај
2013  Обединето Кралство Кевендиш, МаркМарк Кевендиш Омега Парма-Квик Степ
2014  Франција Бухани, НасерНасер Бухани FDJ.fr
2015  Шпанија Ланда, МикелМикел Ланда Астана

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Првичниот победник бил Алесандро Петаки, кој бил казнет со бришење на неговите резултати на Џиро 2007, откако имал позитивен тест за нивото на салбутамол.
  2. Награден по дисквалификувањето на првичниот победник Алберто Контадор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Маичките на Џиро 2010 прикажани во Фиренца“. Cyclingnews. Посетено на 19 јули 2012.
  2. „Giro d'Italia revives Ciclamino jersey for points classification“. cyclingnews.com. 18 април 2017. Посетено на 18 април 2017.
  3. Лаура Вајсло (13 мај 2008). „Giro d'Italia classifications demystified“. Cyclingnews. Посетено на 7 октомври 2009.
  4. „91. издание на Џиро д'Италија“. Autobus.cyclingnews.com. 1 јуни 2008. Посетено на 19 јули 2012.
  5. http://autobus.cyclingnews.com/road/2007/giro07/?id=/features/2007/giro_classifications07 Cyclingnews.com: Џиро пласмани 2007

Надворешни врски[уреди | уреди извор]