Карта на лондонското метро

Од Википедија — слободната енциклопедија

Картата или планот на лондонското метро (англ. Tube map) е всушност шематски дијаграм кој ги прикажува линиите, станиците и зоните на овој систем.

Како шематски дијаграм, картата не прикажува географија туку врски. Се одликува со значителна девијација од фактичките релативни позиции на станиците, но прецизно го изразува нивниот последователен и врзивен сооднос долж нивните протегања во рамките на патните зони.

Развој[уреди | уреди извор]

Како Зона 1 од метро-картата би изгледала со точните места на станиците

Првата карта [1] Архивирано на 18 март 2007 г. била осмислена и нацртана во 1931 од вработениот по име Хари Бек, кој увидел дека поради подземноста на системот, физичките местоположби на станиците се неважни за патникот кој сака да знае како да отиде од една до друга станица. Така, само топологијата на железницата имала значење. Овој приод е сличен на шематскиот приказ на струјно коло. Овој систе се засновал на сличен систем на исртување на канализацијата.

За оваа цел Бек смислил мошне упростена карта со имињата на станиците, прави линии кои ги поврзуваат, и теката Темза; линиите оделе само вертикално, хоризонтално и под агол од 45 степени.

Најпрвин управата на подезмната железница била скептична за овој аматерски проект испечатен во мали памфлети. Меѓутоа картата се здобила со огромна популарност, и нејзината слдна верзија е онаа денес стандардната - универзалниот начин на ориентација по подземниот железнички систем во Лондон.

Денес[уреди | уреди извор]

Низ годините картата доживеала промени. На пример едно подобрување било бележење на ракрсниците на подземни со надземни линии. Исто така боите кои прикажуваат некои линии оттогаш се имаат сменето. Во денешно време картата ги рефлектира речиси сите промени на мрежата, како Продолжетокот на Јубилејната линија, но истовремено останувајќи доследна на Бековиот план.

Технички аспекти[уреди | уреди извор]

Проектантите на картата низ годините се имаат занимавано со различни проблематики за најјасен можен приказ на корисни иформации.

Бои на линиите[уреди | уреди извор]

Бите на линиите се имаат менувано од времето на Бек. Еве ги сегашните бои

Линија Боја
Бејкерлу (Bakerloo)
Ватерлу & Сити (Waterloo & City)
Викторија (Victoria)
Дистрикт (District)
Источнолондонска (East London)
Јубилејна (Jubilee)
Кружна (Circle)
Метрополска (Metropolitan)
Пикадили (Piccadilly)
Северна (Northern)
Хамерсмит & Сити (Hammersmith & City)
Централна (Central)
Трамлинк (Tramlink) (не е на стандардната карта) (испрекината линија)
Доклендска лесна железница (Docklands Light Railway)
Надземна (London Overground) (од 2007)
Нетворк Реил (Network Rail) (само некои линии)
Северен Сити (Northern City) Сега линија на Нетворк Реил

Расположливоста на дадена линија или нејзин дел е назначен со форматот на боја:

  • Полна боја – нормално опслужување
  • Рабна боја – ограничено опслужување
  • Наизменично полна и рабна боја – во изградба или затворено заради реновирање

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]