Планинско езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Планински езера)

Под планински езера се третираат сите езера чие езерско ниво се наоѓа на височина од над 1000 метри. Според висинска распределба планинските езера се наоѓаат од најниското езеро Локув на планината Дешат на височина од 1565 метри, до највисокото езеро Голем Кораб на планината Кораб на височина од 2470 метри. Најголема концетрација се наоѓа на височина помеѓу 1750 и 2200 метри.

Поделба[уреди | уреди извор]

Планинските езера се делат на:

  • природни езера и
  • вештачки езера.

Природни езера[уреди | уреди извор]

Природните езера може да бидат:

Леднички ерозивни планински езера - Се формираат преиздлабените делови на цирковите, од каде тргнувале некогашните планински мразулци. Овие езера уште се нарекуваат “планински очи”. Вакви езера има на планините: Шар Планина, Кораб, Дешат, Јабланица, Стогово, Јакупица и други.

Карстни ерозивни планински езера:

  • Периодични - Се формираат во карстните планински предели. Тие имаат вода во своите базени само во влажните периоди. Вакви езера се среќаваат во карстните терени на планината Бистра и на други места.
  • Пештерски - Најчесто се јавуваат во пештерските сифони. По површина овие езера се мали. Се среќаваат во пештерата Алилица на планината Бистра, на планината Крчин и на други места.

Еолски ерозивни планински езера - Се формираат во длабнатините кои ги формираат силните планински ветрови. По површина овие езера се мали и имаат вода само после поројни дождови или за време на топењето на снеговите. Вакви езера се среќаваат на повисоките делови на планините: Шар Планина, Кораб, Бистра и други.

Вештачки езера[уреди | уреди извор]

Вештачките езера може да бидат

Акумулативни планински езера:

Моренски - Се јавуваат во вдлабнатините на ледничкиот наносен материјал. Вакви езера се среќаваат на планините: Шар Планина, Кораб, Дешат, Стогово ина други места.

Валовски - Се јавуваат во терминалните базени зад челните морени со кои се преградени валовите на исчезнатите мразалници. Вакви езера се јавуваат на планините: Шар Планина (Боговинското езеро), Кораб (двете езера во месноста Кобилино поле) и на Дешат (Северното и Јужното Требишко езеро).

Комбинирано - циркно - морески:

Се јавуваат на повеќе места на планинските делови, кои за време на плестоцен биле зафатени со планинска глацијација. Вакви езера се Големото Пелистерско Езеро и други.