Атлас (планини)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Планина Атлас)

Атлас е планинска област во северозападна Африка, која се наоѓа меѓу Атлантскиот Океан со Средоземното Море и пустината Сахара. Се протега во државите Мароко, Алжир и Тунис. Има должина од околу 2.500 км, а широчина од 250 до 300 км. Највисоките врвови достигаат над 4.000 м. Планината Атлас е сиромашна со вода. Климата при Атлантскиот Океан и Средоземното Море во пониските делови е средоземна, во повисоките делови е степска, а од јужната страна на планината е пустинска. Населението е разместено во приморските делови.

Поглед на планините