Планинарски клуб „Јелак“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планинарски клуб „Јелак“
Амблемот на Планинарски клуб „Јелак“
КратенкаПК Јелак
Основана1996; пред 28 години (1996)
ВидКлуб
ЦелПланинарска организација
МестоТетово, Македонија
Мреж. местоhttps://www.facebook.com/jelakpk/

Планинарски клуб „Јелак“планинарски клуб создаден во 1996 година во Тетово од искусни планинари и ентузијасти и од своето основање е член на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Во текот на постоењето на клубот, членството се зголемува, а со тоа и организираните активности.

Основната цел на клубот е промовирање на планинарството, организирање на планинарски акции, зголемување на безбедноста во планинарењето, образование на членството и работа со млади.

Историја[уреди | уреди извор]

Низ историјата, членови на клубот ги имаат искачено и најзначајните врвови на Балканот, како што се Митикас на Олимп, Мусала, Триглав, Вихрен, Хајла, Ахмица и други. За истакнување се и искачувањата на врвот Гросглокнер на Алпите и врвот Хасандаг во Турција.

Милениумската патека.

Во 2018 година, по повод 1000 годишнината од постоењето на МПЦ, Планинарскиот клуб „Јелак“ ја поставил планинарската патека „Милениумска Патека“ во соработка со Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи. Патеката почнува во Блаце, а завршува Волковија. Планинарската патека е на падините на Сува Гора и поминува покрај неколку цркви и археолошки наоѓалишта.

Во текот на 2022 година членовите на планинарскиот клуб „Јелак“, организирале 47 планинарски акции во Македонија и странство и учествувале на голем број гостувања од други клубови.

Активности[уреди | уреди извор]

Дел од членовите на планинарскиот клуб се вклучени во работата на органите и телата на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија.

Други планинарски акции кои се организираат секоја година се: „Ноќно искачување на Љуботен“, „летно искачување на Титов Врв по Вакуфска патека“ во со-организација со Планинарски клуб „Тетекс“, „Ѓенов Камен“ итн. Клубот секоја година организира акции и на други позначајни месности на Шар Планина, меѓу кои се истакнуваат месностите Лешница и Јелак, Кривошијските Кади, Кривошијскиот Водопад, Беловишкиот Водопад, врвовите Вртоп, Кобилица, Бориславец, Пирибег, потоа Караниколичкото Езеро, Боговинското Езеро, Црното Езеро итн.

Покрај планинарски акции, планинарскиот Клуб „Јелак“ организира и учествува во различни општествени активности, меѓу кои и крводарителски акции, еколошки активности, основна планинарска школа наменета за членовите и останатото население.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]