Планинарски дом „Браќа Јаневи“
Изглед
Планинарски дом „Браќа Јаневи“ | |
---|---|
![]() Поглед на домот | |
Надм. вис. | 680 |
Држава | Македонија |
Најблиска населба | Ораов Дол |
Особености | |
Кревети | 30 |
Планинарски дом „Браќа Јаневи“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 680 метри, во азотското село Ораов Дол.
Историја
[уреди | уреди извор]Зградата во која се наоѓа планинарскиот дом, во текот на Втората светска војна од страна на бугарската окупациска власт била претворена во участок и мачилиште.
Положба
[уреди | уреди извор]Домот се наоѓа на надморска височина од 600 метри во самото село Ораов Дол.[1]
Тури
[уреди | уреди извор]Од домот може да се пешачи до врвот Кадиица (4 часа), до врвот Лута (5 часа), до водопадите на Брезица (1 час), до Десовски Езера (5 часа), до селото Габровник (1.5 часа), до селата Мокрени и Богомила (6 часа) и до селото Теово (2,5 часа).[1]
Особености
[уреди | уреди извор]Домот располага со капацитет од 30 кревети, кујна и трпезарија за 30 лица.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Туризам во општина Чашка – сместувачки капацитети“. Вардарски. Посетено на 24 август 2018.[мртва врска]