Прејди на содржината

Пламеноцветно лутиче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Lesser spearwort
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Лутиче
Вид: Lesser spearwort
Научен назив
Ranunculus flammula
L.

Пламеноцветно лутиче (науч. Ranunculus flammula) е вид на повеќегодишни тревни растенија од родот Ranunculus (лутиче), кој расте на влажни места низ Бореалното царство. Цвета во јуни/јули. Ranunculus flammula е отровен. Многу е тесно поврзан со Ranunculus reptans, кој се одликува со испружени и потенки стебла, потесни листови и помали цветови.[2]

Покрај другите форми на опрашување, ова растение е прилагодено на опрашување преку дожд.

Многугодишно тревесто растение. Стеблото е високо 20-70 см, празно со прилегнати влакна, со корења по јазлите. Базалните листови се јајцевидни или елиптични, во основата обично одеднаш стеснети, со дршки неколкупати подоги од ламината. Цветните дршки се долги, голи или со ретки прилегнати влакна и со надолжни бразди. Цветот е 7-15 мм во пречник, чашкините ливчиња расперени и прилегнати кон венчето, долги 3-6 мм, жолти, обратно јајцевидни.[3]

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија расте по мочуришта со реликтна вегетација и на блатните ливади. Доста ретко растение е, познато за Струмичко, расте по работ на Моноспитовско Блато во заедница со Osmunda regalis. Расте исто така по некогашното Мавровско Поле, и по влажните ливади во околината на Гостивар.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Lansdown, R.V. (2014). „Ranunculus flammula“. Црвен список на загрозени видови. 2014. Занемарен непознатиот параметар |article-number= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. ↑ Hagerup, O. 1950. Rain-pollination. I kommission hos E. Munksgaard. Retrieved 26 May 2018.
  3. 1 2 Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 140, МАНУ, Скопје, 1985

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]