Плаза Сан Мартин (Лима)

Координати: 12°03′05″S 77°02′04″W / 12.0515° ЈГШ; 77.0345° ЗГД / -12.0515; -77.0345
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Плаза Сан Мартин во Лима)
Споменик на Хосе де Сан Мартин.
Поглед кон плоштадот и хотел „Боливар“.

Плаза Сан Мартин (шпански: Plaza San Martín, „плоштад Сан Мартин“) е еден од најголемите јавни површини во Лима, Перу. Плоштадот се наоѓа во деветтиот блок на авенијата Колмена, во рамките на историскиот центар на Лима. Овој центар е прогласен за Светско културно наследство на УНЕСКО во 1988 година. Плоштадот се наоѓа во близина на Плаза Мајор, главниот плоштад во Лима, и поврзани се со улицата Хирон де ла Унион. Во средината на плоштадот се наоѓа споменик на ослободителот на Перу - Хосе де Сан Мартин.

Историја[уреди | уреди извор]

Локација[уреди | уреди извор]

На местото на денешниот плоштад имало два различни објекти во различни историски периоди. До 1850 година на местото постела болницата „Сан Хуан де Диос“. Во периодот од 1911 до 1918 година на местото се наоѓала железничката станица. Потоа таа била срушена и почнал планот за изведба на плоштад.

Изградба[уреди | уреди извор]

Плаза Сан Мартин бил пуштен во употреба на 27 јули 1921 година при прославата на сто годишнината од независноста на Перу. Планот, украсите и градините на плазата биле проектирани од Мануел Пикерас Котоли. Клупите и оградите биле изградени од мермер, а поплочувањето од гранит. Имало исто така четири фонтани, бронзени улични светла и градини исполнето со цвеќиња. Дизајнот за споменикот на Хосе де Сан Мартин бил избран преку конкурс и овој дизајн бил поднесен од шпанскиот вајар Маријано Бенлјируе.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Изградбата на зградите околу плазата се одвивала со постапно темпо. Театарот Колон и зградите Џаколети биле првите градби кои никнале во 1914 година пред да се изгради самиот плоштад. Другите згради биле подоцна изградени во три фази. Хотелот Боливар бил изграден во 1924 година и бил проекиран од Рафаел Маркина. Аркадите Зела и Пумакауа биле изградени за време на втората фаза во 1926 година и исто така биле проектирани од Рафаел Маркина. Клубот Насионал бил изграден во 1929 година од Рикардо де Хеха Малаховски и Енрике Бјанчи. Во третата и крајна фаза на проектот од 1935 до 1945 година, остатокот од плазата бил изграден.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • (шпански) Bentín Diez Canseco, José (1989). Enrique Seoane Ros, una búsqueda de raíces peruanas. Lima: Faculty of Architecture of the National University of Engineering.
  • (шпански) García Bryce, José (1980), "La Arquitectura del Virreinato y La República". In: Historia del Perú, tomo XII, Lima: Editorial Juan Mejía Baca.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

12°03′05″S 77°02′04″W / 12.0515° ЈГШ; 77.0345° ЗГД / -12.0515; -77.0345