Пиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пиш
Pisz
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Пиш
Грб
Пиш се наоѓа во Полска
Пиш
Местоположба во Полска
Координати: 53°37′ СГШ 21°48′ ИГД / 
Земја  Полска
Војводство Варминско-мазурско
Округ Пишки
Општина Пиш
Основан 14. век
Град од 1451-1455, 1645
Управа
 • Градоначалник Јан Алицки
Површина
 • Вкупна 10,04 km2 (388 sq mi)
Население (30.12.2012)
 • Вкупно 19.547
 • Густина 1.926/km2 (4,990/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 12-200
Повик. бр. +48 87
Регист. таблички NPI
Мреж. место http://www.pisz.pl/

Пиш (полски: Pisz), порано Јањсборк (полски: Jańsbork, германски: Johannisburg) — град во Варминско-мазурското Војводство во Полска, со население од 19,547 на крајот на 2012 година. Градот е седиште на Пишкиот округ. Пиш се наоѓа на местото каде што се соединуваат езерото Рос и реката Писа.

Етимологија[уреди | уреди извор]

TИмето Пиш потекнува од зборот pisa, што значи „бара“ во стариот пруски јазик. Пиш го добил името од замок во 1645 година, кога станал град по декрет на Владислав IV Васа. Локалците од Мазурија замокот го нарекувале "Jańsbork" или 'Pysz', и ова име останало до 1946 година.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Местото на денешниот Пиш првично било населено од домородни Пруси. Во 1345 година Тевтонскиот ред започнал изградба на замок близу најјужната точка од Пишката шума (Јоханисбургер Хајде) во округот Мазурско Поезерје. Замокот бил именуван Јоханисбург, по Свети Јован Крстител. Населбата во близина држела пазар најрано од 1367 година, но градот не добил градски привилегии се до 1645 година. Прв градоначалник на градот бил Фредерик Адам Черноевски. Официјално германско име на градот било Јоханисбург, додека жителите од полско говорно подрачје градот го нарекувале Јансборк. Раниот развој на градот се должел на вештините на луѓето во пчеларството, како и тоа што градот бил сместен на трговските рути кои воделе кон Гдањск и кон реките Висла и Варев. Градот станал дел од Војводството Прусија во 1525 година и од Бранденбург-Прусија во 1618 година.

Во периодот 1709/10 само 14 жители преживеале чума.[2] Градот започнал да се развива забрзано во 19. век како дел од Кралството Прусија. Во 1818 година тој станал седиште на округот Јоханисбург во покраината Источна Прусија. Во 1876 година во градот живееле околу 3,000 жители. Железничка пруга која ги поврзувала Аленштајн (Олштин) и Лик (Елк) поминувала преку градот. Системот за снабдување со вода како и тој за гас биле изградени во 1907 година, а општинската кланица во 1913 година. Индустрискиот развој на градот се темелел на преработката на дрво и на металургија. Според пописот од Царска Германија од 1900 година, населението на Јоханисбург се состоело од 70,2 % Мазури.

Како резултат на версајскиот договор, бил организиран референдум од страна на друштвото на народите, кој резултирал со 99,96 % од гласовите за останување во Источна Прусија и 0,04 % за Полска (вкупно 14).

Во текот на втората светска војна, Јоханисбург бил 70 % уништен од борби и окупација од советската Црвена армија. На крајот на војната, градот бил префрлен од германска на полска контрола во согласност со постдамскиот договор и официјално преимнуван Пиш во 1946 година. Германското население во градот било протерано и заменето со Полјаци.

Личности од Пиш[уреди | уреди извор]

Партнерски градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. About town. Official webpage of Pisz
  2. Kossert, Andreas (2006) (на de). Masuren. Ostpreußens vergessener Süden. Pantheon. ISBN 3-570-55006-0. 
    Kossert, Andreas (2004) (на pl). Mazury, Zapomniane południe Prus Wschodnich. ISBN 83-7383-067-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]