Пичуѓа

Координати: 39°53′N 21°49′E / 39.883° СГШ; 21.817° ИГД / 39.883; 21.817
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пичунгија)
Пичуѓа
Δασοχώριον
Пичуѓа is located in Грција
Пичуѓа
Пичуѓа
Местоположба во областа
Пичуѓа во рамките на Дескати (општина)
Пичуѓа
Местоположба на Пичуѓа во Општина Дескати и областа Западна Македонија
Координати: 39°53′N 21°49′E / 39.883° СГШ; 21.817° ИГД / 39.883; 21.817
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребенски Округ
ОпштинаОпштина Дескати
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно161
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51200
Повик. бр.+30 24930

Пичуѓа или Пичунгија (грчки: Δασοχώριον, Дасохори) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 161 жител.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 6 км јужно од Дескати, 65 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Географски селото ѝ припаѓа на Тесалија, а административно на Западна Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Селото Пичуѓа се споменува во документи од XV век.[2]

По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Пичуѓа останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Писугја (Πισούγια) живееле 210 Грци христијани[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пичуѓа станува дел на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е променето во Дасохори.

Демографија[уреди | уреди извор]

Пописи[уреди | уреди извор]

Движењето на населението по години е следното[4]:

  • 1913 – 171 жител
  • 1920 – 149 жители
  • 1928 – 182 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 221 256 318 261 273 239 205 161
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Официјално семрежно место на општината Дескати
  3. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 114.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 127.