Питон де Неж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Питон де Неж
Снежен врв
Piton des neiges.jpg
Питон де Неж, октомври 2003
Највисока точка
Надм. вис.3070 м [1]
Истакнатост3070 м [1]
82-ро место
Заведена какоUltra
Координати21°05′54″S 55°28′51″E / 21.09833° ЈГШ; 55.48083° ИГД / -21.09833; 55.48083Координати: 21°05′54″S 55°28′51″E / 21.09833° ЈГШ; 55.48083° ИГД / -21.09833; 55.48083
Име
ПреводСнежен врв (француски)
Географија
Геологија
Старост на карпатаПлиоцен
Видштитест вулкан
Последен избув20,000 години

Питон де Нежштитест вулкан кој се наоѓа во Реинион, еден од француските вулкански острови во архипелагот Маскарен во југозападниот дел на Индискиот Океан. Со надморска височина од 3.069 метри, Питон де Неж се наоѓа на околу 800 километри источно од Мадагаскар. Питон де Неж е највисоката точка на Реинион и се смета за највисока точка во Индискиот Океан. Вулканот бил формиран и се појавил од морето пред околу две милиони години. Денес е длабоко еродиран и неактивен веќе 20.000 години и е опкружен со три масивни долини на кратерот. Питон де Неж ги формира северозападните две третини од Реинион, заедно со повеќе активниот Питон де ла Фурнес. И покрај неговото име, снег практично никогаш не паѓа на врвот.

Вулканскиот остров се смета дека е стар околу три милиони години и дека бил формиран во текот на Плиоценот. Другите два острови во архипелагот, Маврициус и Родригеш се стари околу 7,8 милиони години, формирани во текот на Миоценот. Островот поседува висок ендемизам на цветни растенија (околу 225), кое го оправдува создавањето на биолошки резерват на долните падини на Питон де Неж.

Геологија[уреди | уреди извор]

Геолошката историја на Питон де Неж е поврзана со формирањето на островот Реинион. Научниците генерално се согласуваат дека создавањето на вулканот се одвивало во две фази. Првата фаза кореспондира со формирањето на штитестиот вулкан кој ја воспоставил основата на денешниот вулкан. Оваа фаза се одвивала пред околу 5 до 7 милиони години. Најстарите копнени карпи се смета дека се на околу 2,1 милиони години.

Втората фаза се случила пред 450,000 до 350,000 години, кога вулканот бил мошне активен и кога бил формиран денешниот релјеф на планината.

Клима[уреди | уреди извор]

Температурите на врвот се мали, но задржувањето на снегот не е често, со просек од околу еден ден снег на секои три години. Во последниве години, тоа се случило во август 2003 година, кога имало обилни снежни врнежи, на 10 октомври 2006 година, кога се случила и ерупцијата на Питон де ла Фурнес, на 27 септември 2007 и на 4 јуни 2013 година.

Туризам[уреди | уреди извор]

Постојат три средно-тешки патеки што водат до врвот: Салази, Силао и Сафреш. Искачувањето кон врвот започнува од Силао и трае околу 6,5 часа нагоре и 4 часа надолу. Искачувањето од планината Сафреш е околу 8 часа нагоре и 5 часа надолу.

Питон де Неж

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Africa Ultra-Prominences" Peaklist.org. Retrieved 2011-11-19. Note: Some sources give an elevation of 3,071 m for this peak.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]