Питер Марфи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Питер Марфи на настап во 2011 година.
Питер Марфи во Сан Франциско, во 1987 година.

Питер Џон Џозеф Марфи (англиски: Peter John Joseph Murphy, 11 јули 1957) — англиски рок-музичар и композитор.[1] Тој е најпознат како пејач на групата „Баухаус“, а потоа објавил низа самостојни албуми, како: „Длабоко“ (Deep), „Светиот чад“ (Holy Smoke) и „Љубовна хистерија“ (Love Hysteria). Тенок, со изразена јаболчна коска на лицето, со длабок глас (баритон) и со мрачни текстови, често го нарекувале „кум на готскиот рок“.[2][3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Марфи е роден во Нортхемптон, но пораснал во Велингбороу, Нортхемптоншаер. Тој учел заедно со неговиот иден колега од „Баухаус“, Даниел Еш.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Даниел Еш го убедил Марфи да ѝ се придружи на „Баухаус“, една од најпознатите групи на движењето познато како „готиски рок“. Групата е позната по честата употреба на „вселенски“ музички ефекти и театарската естетика карактеристична за глам-рокот. Во 1983 година, групата „Баухаус“ се појавила во воведната сцена од хорор-филмот „Глад“ (The Hunger), исполнувајќи ја познатата песна „Бела лугоси е мртов“ (Bela Lugosi's Dead).[4] Додека трае сцената, камерата е фокусирана речиси исклучително врз Питер Марфи, а само попатно ги прикажува главните глумци во филмот Дејвид Боуви и Катрин Денев. По распадот, групата „Баухаус“ повторно започнала да работ вио 1998 година, кога заминала на турнеја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dom Gourlay (September 25, 2011). „DiS meets Peter Murphy“. Drowned in Sound. Drowned in Sound. Посетено на 20 October 2018. Како пејач на групата „Баухаус“ Питер Марфи стекнал репутација на еден од највпечатливите пејачи на неговата генерација.
  2. Gill, Andy (16 August 2002). „Album: Peter Murphy“. The Independent. London: Independent News & Media. Посетено на 7 November 2008.
  3. Theiner, Manny (19 June 2008). „Music Preview: Bauhaus frontman Peter Murphy tours with solo retrospective“. Pittsburgh Post-Gazette. PG Publishing Co. Посетено на 7 November 2008.
  4. „Bauhaus Biography“. Rolling Stone. Посетено на 2018-02-28.